Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Русија на работ од финансиски колапс?

Primakov/Depositphotos.com

Русија на работ од финансиски колапс?

На почетокот од третата недела од војната што Русија и нејзиниот претседател и ја наметнаа на Украина, руската економија се соочува со проблеми какви немала во изминатите три децении од посткомунизмот.

Потешки од времето кога Михаил Горбачов мораше да признае дека (тогашната) советска економија е, практично, пропадната, како и од времето кога Борис Елцин ја започна руската транзиција, во услови на пазарано гледано, пропадната економија на поранешниот СССР.

Токму непотребната војна на Владимир Путин, за да ја покори Украина и за да ја врати во „рускиот двор“, се заканува да ја доведе Русија, со сите свои природни богатства, на работо од целосен финансиски колапс и практично банкротство.

Тоа се огледува, пред се, во незапирливиот пад на руската национална валута – рубљата – која во средата (официјално) се менуваше за 117 рубљи за еден американски долар. На оф – шор берзите вредноста беше и пониска од преку 120 рубљи за долар. За споредба, во ова време во 2008 година, за еден долар се добиваа 25 рубљи.

Пропаѓање на рубљата

Од тогаш вредноста на рубљата постојано опаѓа, а руски финансиски експерти признаваат дека најновиот бран, исклучително остри санкции, поради војната во Украина, можат целосно да ја урнат руската валута.

Забрзаното пропаѓање на рубљата започна кога руската Централна банка забрани руските граѓани да купуваат девизи и им нареди на деловните банки – да не може да исплаќаат повеќе од десет илјади долари – од девизните сметки.

Ваквата наредба ќе важи шест месеци и нејзината цел е да се помогне во намалување на одливот на девизите од руските девизни резерви и да се стабилизира рубљата.

Руски експерти изјавиле дека ваквата одлука – сепак – е „глупава и погрешна“, затоа што само ја зголемува паниката кај луѓето кои сега може да „навалат“ на банките, извлекувајќи ја од таму девизната заштеда. Одлуката на Централната банка, меѓутоа, покажува дека и сега, одливот на девизи е далеку поголем од она што се предвидувало.

Работата може да се усложни и да добие и катастрофални размери, доколку монетарните власти се определат на порадикални мерки – да го блокираат приватното штедење.

Намален кредитниот рејтинг

Финансиската дестабилизација доаѓа како последица на војната, но пред се, поради острите санкции на Западот, меѓу другото и поради „замрзнувањето“ на стотици милијарди долари руски резерви во странски банки – за да се спречи можноста да се финансира војната во соседна Украина.

Руската централна банка ја дуплираше каматната стапка која сега изнесува 20 отсто и им забрани на руските брокери да продаваат хартии од вреднист кои се во посед на странски лица. Освен тоа, владата им нареди на извозните компании, 80 отсто од своите девизни приходи да ги забранат за рубљи, како и да прават било какви банкарски трансфери, надвор од Русија.

Експерти сметаат дека неуспехот да се одбрани рубљата може да предизвика длабока економска криза и да поттикне инфлација. Затоа, агенцијата Фич веќе го намали рејтингот на Русија, прогнозирајќи дека земјата ќе се соочи со потребата од присилно порамнување и со неможноста да ги сервисира своите обврски.

Тоа може да се случи доколку санкциите ќе се прошират на ограничувањето купување руска нафта и гас, кои сепак, се најзначајните извозни артикли. САД и Британија веќе забранија (за себе) увоз на руска енергија, додека ЕУ соопшти дека ќе се обиде да го намали увозот на природен гас – за 66 отсто – до крајот на оваа година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе