Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Абрамович се повлече од „Челси“

zloyel/Depositphotos.com

Абрамович се повлече од „Челси“

Рускиот милијардер и сопственик на лондонскиот фудбалски клуб “Челси“ Роман Абрамович објави дека се повлекува од клубот и дека управувањето и грижата за него им ја предава на поверениците на клубската добротворна фондација.

Колку што се знае, засега, тој и понатаму останува сопственик на клубот.

Тргање на олигарсите

Абрамович стана мнозински сопственик на „Челси“ во 2003 година. Одлуката да се повлече ја донесе непосредно по руската инвазија врз Украина, иако во своето соопштение тој на никаков начин не ја споменува руско – украинската војна и сето она што се случува.

„Одлуките секогаш ги носев во склад со најдобрите клупски интереси. Останувам посветен на овие вредности, па затоа му го предавам управувањето и грижата за „Челси“ на добротворната фондација“ – вели Абрамович во своето соопштение. Богатиот Русинец, притоа рекол дека верува оти фондацијата, во овие моменти, е во најдобрата позиција да води сметка за интересите на клубот, за неговите играчи, за сите вработени и за навивачите.

На крајот од минатата недела, кога владата во Лондон, за прв пат, најави остри санкции против Русија и руските интереси, како одговор на инвазијата врз Украина, се отвори дебата во Парламентот за потребата да се ограничи, или да се забрани влијанието на руските олигарси во британското општество. Тогаш беше споменат и Абрамович.

Закана за иднината на клубот

Пратеникот на британските опозициски лабуристи Крис Брајан, минатата недела откри документ на владата кој наводно случајно „се појавил“ во јавноста дека Роман Абрамович не треба и понатаму да има своја база во Велика Британија.

Владата одби да го коментира ваквото тврдење, но на рускиот милијардер не му требаше многу за да свати дека во таквата владина политика кон руските олигарси, може да настрада „Челси“.

Претходно, менаџерот на клубот, Томас Тухел изрази стравување за иднината и за судбината на клубот, поради ситуацијата на Истокот од Европа и руската инвазија врз Украина.

Роман Абрамович важи за олигарх кој е близок до Владимир Путин.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе