Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ослободена од „гревот“ после 15 години

@theshilpashetty/Instagram

Ослободена од „гревот“ после 15 години

Познатата индиска актерка Шилпа Шети, официјално, е ослободена од сторениот „грев“ и од обвинувањето за „разврат“, откако пред 15 години, во една прилика, била јавно бакната од холивудската ѕвезда Ричард Гир. „Страшниот грев“ бил направан за време на една манифестација, организирана за подигање на свеста за инфицирањето со вирусот на СИДА кај индиската популација.

Во тоа време, овој случај предизвика голема врева во јавноста во Индија, каде беа организирани протести од страна на радикалните хиндуистички групи кои јавно ги палеа куклите со ликовите на двајцата „злосторници“ и опасни „развратници“. Демонстрантите тврдеа дека тој гест на Гир и согласноста на Шети да биде бакната – пред многу народ – било „навреда и понижување на индиската култура“!

Еден локален судија, веднаш потоа, има издадено налог за нивно апсење и во исто време ги има осудено актерите за „развратност и за недолично однесување“.

Обвинувањето против американскиот актер, меѓутоа, многу брзо беше повлечено, па тој како верен будист можеше и понатаму да доаѓа во Индија и да се среќава со Далај Лама кои живее таму, по бегството од Тибет, пред многу години.

Случајот со Шети, како Индијка, беше поинаков и остана во рацете на индиското правосудство и на разните судови во следните десет и повеќе години.

Конечно беше затворен дури минатата недела, од страна на еден суд во Мумбај (Бомбај). Во образложението на судот се вели дека обвинувањата против популарната актерка и ѕвезда на Боливуд (индискиот Холивуд) биле „без основа“ и дека таа била – „жртва на НЕСАКАНИОТ ЉУБОВЕН НАСТАП“ на познатиот американски актер.

Или, дека во целиот случај – „виновникот“ и прво обвинет бил Ричард Гир, а не индиската актерка која на овој начин е помилувана и ослободена од „гревот и неморалот“.

„Доказниот материјал” – снимки од „инцидентот“ во 2007 година, покажува како во еден момент Гир, спонтано, ја бакнува раката на Шети, па ја грли и на крајот ја бакнува во лицето. Сето тоа, додека обајцата биле на една сцена на која како гледачи имало многу луѓе.

Шети (46) засега нема реагирано на ослободувачката пресуда, но таа од почетокот ја бранеше постапката на Ричард Гир.

Нејзиниот адвокат, пак, им објаснил на новинарите дека “вината“ на индиската актерка била во тоа што во ниту еден момент не се бранела и не се спротивставила на постапката на Американецот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе