Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Квебек: Здравствена партиципација за невакцинираните

meunierd/Depositphotos.com

Квебек: Здравствена партиципација за невакцинираните

Канадската (франкофонска) провинција Квебек воведува специјална, здравствена партиципација за сите свои жители кои не се вакцинирани против коронавирусот. Премиерот на локалната влада, соопштувајќи ја новата мерка, објасни дека провинцијата Квебек е првата во Канада која ФИНАНСИСКИ ќе ги КАЗНУВА невакцинираните.

Оваа провинција досега има регистрирано највисок број на починати од короната и како последица на заболувања предизвикани од Ковид во земјата, а сега, во налетот на новиот вид Омикрон, се соочува со висок раст на новозаразени.

Половина од хоспитализираните – невакцинирани

Според здравствените власти, нешто над 15 отсто од населението во овој дел од државата, се невакцинирани, но токму тие сочинуваат над половината од сите хоспитализирани пациенти. Федералните власти во меѓувреме соопштија дека – до 1 јануари – околу 84 отсто од Квебечаните се вакцинирани, но повеќето само со една доза.

Премиерот на провинцијата Франсоа Лего им изјавил на новинарите дека оние жители кои не ја примиле ниту првата доза од некоја од одобрените вакцини, сега ќе мора да платат за тоа.

Станува збор за партиципација, (посебна такса) при лекувањето во објектите на јавното здравство. Висината на партиципацијата не е определена, но самиот премиер има речено дека таа нема да биде мала.

„Во прашање е фер односот на едните граѓани кон другите. Посебно кон оние, безмалку 90 отсто, кои се имаат „жртвувано“ во интерес на заштитата на сите луѓе и во интерес на јавното здравје. Затоа и оваа мерка токму нив им е посветена“ – рекол Лего.

Болниците полни 100 отсто

Властите во оваа провинција, минатата недела почнаа да бараат здравствена пропусница, за да се види кој е вакциниран, а кој не, при влегувањето во продавниците кои продаваат алкохол и канабис. Исто така, во Квебек е воведен и полициска час, од 22 до 05 часот наутро – секој ден.

Ваквите мерки се врзуваат за растот на новозаразените, како и за зголемување на смртноста.

Во вторникот на 10 јануари, од почетокот на пандемијата, па до сега, само во Квебек, се регистрирани над 12 илјади починати. Само тој ден имало нови 65 починати во период од 24 часови, како и безмалку девет илјади новозаразени. Дневните бројки, велат локалните експерти, се речиси идентични со оние од јануари 2021 година.

Локалните медиуми јавуваат дека болниците во Монтреал, најголемиот град во оваа провинција, се речиси 100 отсто полни со пациенти. Здравствените власти потврдиле дека се почнало со ограничување на приемот на пациенти кои не се заболени од короната, или од некоја последица поврзана со Ковид – 19.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе