Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Принцезата жртва на проклетството Грималди”

brunifia, Charlene Wittstock - Inauguration Louis Vuitton - Paris, 03-07-2012, CC BY 2.0

„Принцезата жртва на проклетството Грималди”

За Божик и Нова година кралските семејства низ Европа испратија бројни честитки со кои, најчесто, одат заеднички фотографии од потесното семејство. Принцезата Шарлин од Монако – испрати сама, своја честитка. Со поздравите за „многу љубов“, нема заедничка фотографија со нејзините две деца и сопругот, принцот Алберт, суверен на ова минијатурно кнежевство, туку само цртеж од семејството.

Шарлин која во француската и европската јавност е позната како “најтажната принцеза“, за празниците не беше дома, со своите најблиски во кнежевската палата во Монте Карло, туку во психијатриска клиника, каде како што е соопштено ќе остане „неколку месеци“ додека целосно не заздрави.

Психијатриско опоравување

Според најновото соопштение на сопругот – принцот Алберт – “Нејзиното опоравување се одвива на задоволувачки начин, но таа за овој Божик нема да биде дома, меѓу своите најблиски“.

Сега веќе е сосема јасно дека оваа некогашна успешна спортистка – атлетичарка, по потекло од Јужна Африка, од семејство на тамошни Африканери, е сериозно болна.

Шарлин и Алберт се повеќе од десет години во брак и за него од почетокот медиумите пишуваа дека „нешто не е ред со врската“. Особено кога се разбра за бурниот живот на принцот кој сака често да ги менува своите партнерки, тој беше обвинет дека е директно одговорен за нејзината состојба, затоа што, наводно, целосно ја има запоставено, водејќи свој посебен живот.

На почетокот, таа престана да се појавува во јавноста со месеци, а кога и ќе беше со сопругот, делуваше сосема отсутно. Подоцна се откри дека таа ги оставила децата и заминала во родната Јужна Африка – сама, на одмор.

Грабнатата Фламанка

Таму остана подолго време, а кога се врати во Монако, беше сместена во психијатриска установа. Не требаше да помине долго време, па во локалната јавност, во Франција и Европа да се обнови старата приказна за „проклетството на семејството Грималди“ од кое потекнува принцот Алберт. Сега се тврди дека Шарлин е „само жртва на тоа дамнешно проклетство“.

Велат дека потекнувало уште од 13 век, кога еден тогашен Грималди сакал да се ожени со девојка, па грабнал една Фламанка, која не сакала да се мажи за него, а ниту да живее во кнежевството. Легендата понатаму вели дека грабнатата жена, длабоко повредена од она што се случило и со својата судбина – го проколнала и Грималди кој ја грабнал и целото негово потомство – никогаш да немаат среќа.

„Никогаш повеќе да немате среќа во бракот“ – рекла несреќната Фламанка. Други верзии на истата приказна зборуваат дека тоа го изговорила некоја вештерка, која потоа жива ја запалиле, но како и да е приказната за проклетството – одново станува актуелна.

Децата на Грејс Кели

Првпат, по подолго време, приказната се има појавено во осумдесеттите години на 20 век, веднаш по трагичната смрт на принцезата Грејс, поранешната холивудска ѕвезда Грејс Кели, која на врвот на својата филмска кариера го напушти филмот за да се омажи за принцот Реније и стане принцеза од Монако. Загина во автомобилска несреќа која никогаш до крај не беше разјаснета.

Таа е мајка на принцот Алберт и на неговите две сестри – за кои сега се потсетува дека ниту еден од нив тројцата нема успеано во брачниот живот.

Најстарата ќерка, принцезата Каролина беше само две години во брак, пред да се разведе од мажот прељубник. Потоа, се омажи за италијанскиот бизнисмен Стефано Казираги, но остана вдовица, кога тој загина во несреќа со својот глисер. Сега е разведена и од третиот сопруг, принцот Ернст Август од Хановер.

За принцот се тврди дека има и вонбрачни деца, но дека има признаено само едно. Станува збор за син кој живее кај таткото, во кнежевската палата и, велат, дека тоа ја прави несреќна Шарлин. Не е ништо посреќна со своите брачни партнери ни другата ќерка – Стефани која е два пати разведена.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе