Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бен Афлек: Медиумите беа „отровни“ кон мене и Лопез

Jean_Nelson/Depositphotos.com

Бен Афлек: Медиумите беа „отровни“ кон мене и Лопез

Холивудскиот актер Бен Афлек кој е одново во романтична врска со пејачката ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, во едно телевизиско интервју, за прв пат, после 17 години зборуваше за причините за раскинувањето на нивната свршувачка во 2004 година.

Афлек и Џеј Ло беа пред свадба, кога се разбра дека нема да има венчавка и дека тие не се повеќе заедно.

Сториите во американските медиуми од тоа време откриваа детали и нудеа разни „вистини” за раскидот и за тоа како налутената и гневна, Лопез го фрлила свршеничкиот прстен на Бен. Но, сите овие години од тогаш тој никогаш нема објаснето зошто дојде до неочекуваниот раскид.

Дури и во изминатата половина година откако тие се одново заедно – ниту тој, а ниту Џеј Ло немаат зборувано за тоа.

Некои сега велат дека двојката размислува и за венчавка која еднаш беше откажана. Блискиот пријател на Афлек, актерот Мат Дајмон кој, инаку, прв ја потврди веста за обновената врска – после толку многу време – има речено дека доколку,  навистина, се одлучат да стапат во брак – „тоа би било извонредна вест“.

Наместо тоа, Бен Афлек дури сега се одлучи да открие дека разделбата пред 17 години ја предизвикале – медиумите.

„Вистинската лавина од негативно медиумско следење и пишување за нашата врска, најмногу влијаеше да не продолжиме заедно“ – има речено актерот.

„Па, се беше толку одвратно и токсично. Навистина е многу грдо да знаеш дека тие луѓе (од медиумите) толку многу мразат. Тие мразат што сте заедно и така пишуваат“ – зборувал во интервјуто Афлек.

Признал и дека на почетокот, веднаш по раскинувањето на свршувачката, бил и повреден и налутен. „Се чувствував како да сум будала“ – рекол Афлек кој се осврнал и на сегашната негова врска со Лопез. Не криел дека на почетокот стравувал околу помирувањето со пејачката, дека бил загрижен и имал резерви.

„Мојата најголема одговорност се моите (три) деца. Тие се она за што најмногу сум загрижен. Затоа и нема да направам ништо што би било болно за нив и што би можело да ги повреди“ – има речено Бен Афлек.

Децата се од неговиот поранешен брак со Џенифер Гарнер.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез има две деца – близнаци од нејзиниот брак со пејачот Марк Антони и тие се со таткото.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе