Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Емине Ердоган пие чај од 1800 евра

william87/Depositphotos.com

Емине Ердоган пие чај од 1800 евра

Сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган во тамошната јавност постојано се прикажува како скромна жена, целосно посветена на семејството и на кариерата на сопругот Реџеп Таип Ердоган, уште од времето кога тој за прв пат беше избран за градоначалник на Истанбул. За неа велат дека насекаде го следи сопругот, дури и на партиските митинзи и собири.

Скромноста на која инсистира официјалната пропаганда се настојува да се комплетира и со нејзиното облекување. Таа секогаш во јавноста се појавува забрадена – што е „мода“ која турските секуларисти ја врзуваат за политиката на исламизација на Турција, што од почетокот ја потикнува Ердоган.

Но, домашната јавност знае дека „првата дама“ Емине сака многу и дизајнерска облека и дека хоби и е собирањето скапи антиквитети.

На суд за текст за „првата дама“

Велат дека во една прилика, следејќи го сопругот во Брисел, за неа бил затворен цел еден трговски центар – за да може слободно да пазарува. Друг пат, во Варшава, во Полска, потрошила над 40 илјади евра за купување антиквитети.

Бранување во турската јавност има покренато откритието дека Емине пие чај за кој, се тврди, дека чини 1800 евра, за килограм, како и тоа дека шољите за чај се позлатени и дека секоја чини по 300 евра.

Освен тоа, дел од турските медиуми открија дека таа сака скапи женски чанти, посебно од (нејзе) омилената марка „Хермес“ и дека за една таква има платено – 50 илјади евра!

Случајот потекнува од 2020 година и за него се зборува дека има предизвикано бура од негодување во турската јавност.

Работите се отидени до таму што еден турски суд наложи да се блокира интернет весникот каде беше откриен овој случај, поврзан за „првата дама“. Новинарот што го обелодени ова откритие и остро ја осуда Емине за расипништво, беше изведен на суд – за негативно пишување за сопругата на претседателот.

„Харемите како училишта“

Во јавноста таа се има огласено против детските бракови, што во Турција и натаму нашироко се практикувани, како и дека е вклучена во проекти на домашни НВО за проблемите на жените. Меѓутоа, таа своја слика целосно ја има расишано кога во една прилика го има брането постоењето на харемите, во време на Отоманската империја.

Според Емине Ердоган, харимети во времето на султаните, биле „училишта и образовни центри за жените од тоа време“. Историјата – и онаа турската – пак, зборува дека во харемите биле носени – како робинки – од земјите што ги има освоено Отоманската империја. Меѓу нив голем број од христијанските земји на европскиот континент. Служеле за задоволување на султаните.

Во брак со Ердоган, таа е од 1978 година. Имаат четири деца. Живеат во околината на Анкара во вила за која се тврди дека чини 600 милиони евра. Вилата е позната како „Белата куќа“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе