Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Г-20: Историска согласност за корпорацискиот данок

maxxyustas/Depositphotos.com

Г-20: Историска согласност за корпорацискиот данок

Лидерите на 20 водечки економии во светот, собрани во групата Г – 20, се согласија за постигнување глобален договор за тоа дека профитот на големите компании (насекаде) ќе изнесува – најмалку – 15 отсто.

Оваа даночна стапка, на годишно ниво, би требало да изнесува 150 милијарди долари.

Ваквата согласност веднаш е означена како историско постигнување, што е резултат на загриженоста на светот дека мултинационалните компании би можеле да го префрлаат својот профит низ разни земји, трагајќи за држава каде има закон со понизок корпорациски данок.

Пактот за согласност на државите од групата Г – 20 е постигнат на Самитот во Рим на кој се собраа лидерите на сите земји – членки.

“Вистински историски момент“

Оваа елитна група ја сочинуваат 19 држави, како и Европската унија. Во неа се вклучени и Кина и Русија, но лидерите на овие две земји не допатуваа во италијанскиот главен град, туку на Самитот беа вклучени преку видео врска. Наводно, се определија за ваквата варијанта, поради коронавирусот.

Договорот за корпорацискиот данок го има предложенo САД, а откако ќе биде потпишан, ќе стапи во сила од 2023 година.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека станува збор за „вистински историски момент“, што е постигнат во „критичен момент за глобалната економија“. Со него се става крај на „штетната трка во намалувањето на овој данок“ за да се привлечат големите компании

На Твитер, Јелен има запишано дека американската економија, бизнисот и американските работници, од оваа спогодба ќе имаат голема полза, иако сега, многу големи компании ќе плаќаат повисоки даноци.

Договор меѓу САД и ЕУ

Задоволство од спогодбата изрази и американскиот претседател Џо Бајден, без разлика што на почетокот од преговорите тој се залагаше, минималната даночна стапка да изнесува 21 отсто.

„Ова е повеќе од обична спогодба за данокот. Станува збор за нешто многу поголемо – за дипломатско преобликување на нашата глобална економија и на давачките на нашите граѓани“ – има речено Бајден.

На маргините на Самитот во Рим, САД и ЕУ постигнаа договор за постепено укинување на увозните такси за челикот и алуминиумот, што ги наметна претходниот американски претседател Доналд Трамп, во 2018 година. За возврат европските држави ќе ги укинат таксите што (како реципроцитет) ги воведоа на увозот на разни американски производи.

Таксите што ги воведе Трамп предизвикаа штета за европските производители. Во САД, пак, тие доведоа до тоа да поскапе челикот на американскиот пазар, а не придонесоа за отворање повеќе работни места во челичната индустрија, со што екс претседателот ја оправдуваше својата одлука.

Г-20 пред Самитот за климата

На Самитот Г – 20, освен за корпорацискиот данок, другите две главни теми беа посветени на климатските промени и на борбата со коронавирусот.

Римскиот Самит се одржа пред Самитот за климата во Глазгов, во Шкотска, што почнува во понеделник, познат како Самит – 26. Околу него, меѓутоа, се уште постојат разногласија и различни видувања околу тоа како светот да се справи со климатските промени.

Засега само постои согласност дека климатските промени се најголемата закана за човештвото.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе