Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

И Ед Ширан заразен со корона

yakub88/Depositphotos.com

И Ед Ширан заразен со корона

Британскиот пејач и композитор Ед Ширан соопшти дека е заразен со коронавирусот, откако не се чувствувал добро, а направениот тест открил дека е позитивен.

Неговата здравствена состојба, сепак, не бара посериозен здравствен третман и лекување, освен што ќе мора да седи во домашна изолација. На социјалните мрежи тој објавил дека ќе може да дава интервјуа и дури и да настапува – од својата куќа во англиската област Сафолк.

Лекарскиот наод дека е заразен, доаѓа само неколку денови откако Ширан (минатата недела) настапил на концерт во Лондон, одржан во рамките на доделувањето на наградите “Earthshot”, наменета за оние кои се борат за спасувањето на планетата Земја.

Станува збор за новововедената награда што ја доделува кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ (британскиот принц Вилијам и неговата сопруга, Кетрин Мидлтон).

Нов бран на пандемијата

Во својата прва изјава за тоа дека е заразен, Ширан им се извинува на своите почитувачи и приврзаници на неговата музика, што ќе отстуства од јавноста и од можноста за настапи пред публика, во истовреме, порачувајќи им на сите да бидат максимално безбедни и внимателни.

Случајот со оваа англиска пејачка ѕвезда доаѓа во време кога Британија е соочена со најновиот бран од силен раст на новозаразени со короната и одново висока смртност. Неколку денови во изминатата недела беа регистрирани по над 50 илјади нови случаи на заразени, а дневната смртност, одново се искачи до над 150 лица.

Сето тоа се случува во земја која продолжува да се фали со својот висок процент на вакцинирани (со две дози) и која, во секој случај, беше пример за Европа и за светот затоа што прва започна со масовното вакцинирање на населението.

Тоа се случи во услови кога владата во Лондон ја „зароби“ целата продукција на вакцини на компанијата Астра/Зенека – само за британски потреби, предизвикувајќи криза на пазарот со вакцини во Европа/ЕУ. Главно поради тоа и задоцни стартот масовната вакцинација на европското население. Од тоа време потекнува и изјавата за „национализам со вакцините“, што предизвика и политичка криза меѓу Лондон и ЕУ.

Паѓање на имунитетот

Британската јавност сега прашува – ако се беше така – од каде овој нов бран на епидемијата, стравувајќи дека земјата ќе мора одново да се најде во локдаун.

Здравствените власти ја отфрлаат таквата можност, додека експерти на угледниот лондонски Империјал Колеџ, новата криза ја објаснуваат со неколку причини – а, пред се, со падот на имунитетот кај вакцинираните.

Експертите сметаат дека целосното врзување само за вакцината на Астра/Зенека може да е причина за големиот број новозаразени. И таа е корисна вакцина, но нејзината ефикасност против Делта варијантата на вирусот е помала, од онаа на Фајзер/Бионтек. Британците, во најголем број се вакцинирани со Астра/Зенека и сега им е потребна трета доза.

Според експертите на Империјал Колеџот, како причини за обновената пандемија, ја споменуваат и послабото носење маси за лице, потоа олабавување на епидемиолошките мерки, за кои се смета дека биле избрзани и предвреме, како и драстичниот пад на процесот на вакцинирање на луѓето. Се уште има голем броj невакцинирани, меѓу младите.

Но, Ед Ширан се има заразено на специјално уредена и организирана свеченост – не на масовен концерт.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе