Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Барбадос се „отцепи“ од кралицата Елизабета

fyletto/Depositphotos.com

Барбадос се „отцепи“ од кралицата Елизабета

Барбадос, поранешна британска колонија, за прв пат во својата историја избра свој претседател.

Станува збор за од порано најавениот политички процес според кој оваа малечка островска држава во Карибите, се откажува од британската кралица Елизабета која досега беше и нејзин суверен, за да стане република.

Просперитетен остров

За прв претседател е избрана една жена – Сандра Мејсон (72) која на крајот од следниот месец, ќе ја преземе функцијата.

Таа досега беше генерален гувернер на Барбадос, титула која ја имаат сите поранешни колонии на Велика Британија што сега имаат статус на држави – доминиони, на кои британската кралица е и нивна кралица. Како генерален гувернер Мејсон е именувана во 2018 година. Пред тоа, таа беше претседател на апелациониот суд на оваа земја.

Барбадос во минатата година најави дека ќе се прогласи за република, означувајќи го тој чекор како – ”конечно и целосно заокружување на напуштањето на колонијалното минато“. Претседателката Мејсон е избрана на заедничка седница на двата дома на локалниот Парламент.

На Барбадос живеат околу 290 илјади жители и оваа островска држава важи за една од понапредните во карипскиот регион. На времето, целосно зависен од шеќерната трска и од приносите и приходите од оваа растителна култура која се одгледува во целиот регион, Барбадос својот стандард и напредок го има врзано за силниот развој на туризмот и на финансиските услуги – како еден од познатите „даночни рајски места“.

Држави – доминиони

Оваа држава не е првата која се „отцепува“ од сувереноста на британската кралица.

Прва беше Гајана, уште во 1970 година, само четири години по добиената независност од Британија, а потоа следуваа и Тринидад и Тобаго, во 1975 и островот Доменика во 1978 година. Јамајка најавува дека исто така би можела доминионскиот статус да го замени за република.

Инаку статусот земја – доминион на која кралицата Елизабета е и нивни суверен се уште го имаат и Канада, Австралија и Нов Зеланд, како и Папуа Нова Гвинеја, како и осум други карипски островски држави, заедно со уште две во Пацификот – Тувалу и Соломонските острови.

Австралија и Нов Зеланд на своите државни знамиња и понатаму го имаат вградено и знамето на Обединетото Кралство.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе