Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Полска ја прекинува кавгата со Брисел

Ale_Mi/Depositphotos.com

Полска ја прекинува кавгата со Брисел

Владата во Варшава навести дека сака да го прекине две годишното расправање со Брисел, со Европската комисија и со европските институции, околу владеењето на правото во оваа источноевропска членка на ЕУ, која на моменти изгледаше дека води кон некаков „Пегзит“ (излегување од Унијата).

Завршувањето на полско-европската војна и спремноста да се почитува одлуката на Европскиот суд за човекови права, ја навести Јарослав Качински (72).

Тој е формално потпретседател на полската влада на премиерот Матеуш Моровјецки, но и лидер на владејачката националистичка и конзервативна партија Право и Правда и важи за вистинскиот лидер на Полска.

Закана за полското правосудство

Претходно, европскиот суд пресуди дека контроверзниот полски закон за тамошниот Врховен суд е спротивен на законите на ЕУ и дека воспоставениот дисциплински совет води кон ограничување на независноста на полскиот правен систем, па затоа треба да се укине.

На Варшава и беше оставен рок – до 16 август – да се спроведе пресудата.

Доколку тоа не се стори, Полска се соочува со заканата од сериозна казна, како и со можноста за недобивање на парите од масивната економка помош за сит земји членки, поради штетата што врз домашната економија ја има предизвикано глобалната пандемија со коронавирусот.

Во британски стил

Полската страна, досега, остро се спротивставуваше на барањето на Брисел да се почитуваат европските закони и над се, да се почитува владеењето на правото, што Европската комисија смета дека се нарушува – во оваа земја, а и во Унгарија, која исто така се соочува со санкции.

Аргументите на Полјаците досега беа дека притисокот од ЕУ ја “нарушува независноста на полските институции“ инсистирајќи притоа на барањата Варшава, сама да носи одлуки кои таа смета дека треба да ги носи, такви какви што се.

Станува збор за реакција во стилот кој пред неколку години, почна да го применува и да инсистира на него – Велика Британија, пред својот Брегзит.

Изјава на Качински

Но, во помалку неочекуван пресврт, Варшава, сепак, се определи да биде кооперативна, да соработува со Брисел и да ја почитува одлуката на Европскиот суд, на тој начин, што навести поништување на законот кој ги предизвика расправиите заканата за казнување на Полска.

Оправдувањата за тоа зашто е донесен закон кој од почетокот беше јасно дека е спротивен на европските прописи, се наоѓаше во (наводното) постоење на корупција во полското судство и затоа што било „неопходно да се исчисти судството од остатоците на стариот комунистички систем“.

Во интервју за државната новинска агенција ПАП, Јарослав Качински изјави дека „тој е подготвен да ја прекине дипломатската расправија со Брисел“.

Вртење нов лист

„Едноставно, ќе го распуштиме дисциплинскиот совет, што сега е во функција, па така ќе ја снема и причината за досегашната расправија“ – рекол Качински.

Неговата изјава доаѓа само неполни 24 часови по острата реакција на полскиот министер за правда Збињев Зиобро кој во разговор за весникот „Речпосполита“ ја обвини Европската комисија и целата ЕУ дека она што го бараат од Варшава претставува “нелегална уцена“.

Во остро интонираната изјава, која некои европски медиуми ја означија како најава за некаков „полски Брегзит“, Зиобро има речено дека – „верувањето дека ЕУ е добриот вујко кој ни дава пари, па дека затоа мораме се да прифаќаме, е чиста лага и обична пропаганда“.

За 15 години – 135 милијарди помош

Тешко е да се поверува дека овој министер се „залетал“ и дека ваквата изјава е само негова, но Качински оцени дека продолжувањето на кавгата со Брисел може да и наштти само на Полска, на актуелната влада и на нивните гласачи, па се одлучи – во последен момент – да отвори нов лист во односите на Полска со Унијата.

Наместо расправија и „војна“ со Брисел, враќање кон европските стандарди на кои земјата се има обврзано при зачленувањето во ЕУ.

Полска и тоа како има потреба од ЕУ, а од членството во Унијата има многу профитирано. Прво, голема маса полски граѓани заминаа на работа во богатите земји од ЕУ, драстично намалувајќи го бројот на невработените во земјата, а потоа примајќи масивна финансиска помош за побрз развој.

Во првите 15 години, како членка на Унијата, оваа поранешна комунистичка европска земја има примено 135 милијарди евра. Далеку најмногу од сите други нови членки.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе