Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Закана од УНЕСКО и за Стоунхенџ

FotografiaTorino/Depositphotos.com

Закана од УНЕСКО и за Стоунхенџ

Организацијата на ОН за култура УНЕСКО и се закани на Велика Британија дека историското и култно место Стоунхенџ би можело лесно да го загуби статусот на светско културно наследство, доколку владата во Лондон остане на својот план за темелна урбанизација на локацијата.

Владата сака трасата на новиот брз автопат, да минува во тој дел од Англија и притоа, токму под тлото на кои се подигнати големите камени блокови од пред келтско време, да се изгради изгради тунел со четири коловозни ленти. Тунелот би требало да биде долг околу 3,5 километри.

Ваквото предупредување е дадено во време кога Ливерпул и неговите докови од Викторијанско време го загубија статусот на локација заштитена од УНЕСКО, како светско културно наследство, поради претераната урбанизација и модернизација.

Станува збор за досега трето место кое е тргнато од ваквиот список, после еден резерват во Оман и после долината на реката Елба, кај Дрезден во Германија, која беше тргната од списокот, затоа што преку неа е изграден мост (и автопат) што целосно го има обезвреднето локалитетот што беше заштитуван.

Комитетот на УНЕСКО за културно наследство, на својата последна седница во Кина, ја има известено британската влада дека ќе испрати една екипа инспектори за да ја утврдат состојбата на теренот. Но, не чекајќи на нивните заклучоци, министерот за транспорт на Британија Грант Шапс, даде налог да се продолжи со подготвителните работи за реализација на проектот кај Стоунхенџ, што се проценува на 1,7 милијарди фунти.

Од УНЕСКО порачуваат дека евентуалната изградба на тунел под ова исклучително историско, цивилизациско и културолошко место, значајно не само за британското, туку и за европското и светското културно наследство, целосно ќе го наруши локалитетот и трајно ќе му наштети, што ќе значи многу поголема штета од економската, или било која друга полза на која се повикува владата.

Од оваа светска организација порачуваат дека на владата во Лондон и е оставен рок до февруари, идната година, за да се преразгледаат плановите и за да се определи – дали трасата на брзиот автопат ќе остана да минува низ оваа локација, или ќе се бара нова локација и нова траса.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе