Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Бајден: 100 долари за оние кои ќе се вакцинираат

The White House

Бајден: 100 долари за оние кои ќе се вакцинираат

Американскиот претседател Џо Бајден побара од локалните власти во сојузните држави на САД, при вакцинирањето на вработените во федералните служби, да им даваат по 100 долари (како награда) доколку се вакцинираат. Средствата за ваквото поттикнување на процесот на имунизацијата, ќе се користат од веќе одобрените пари за борба со пандемијата со коронавирусот..

Ваквото решение доаѓа откако Бајден наложи (речиси задолжително) вакцинирање на неиуминизираните лица вработени и вклучени во федералните служби на САД. Станува збор за над четири милиони лица. Меѓу нив, два милиони се цивили.

Наредбата на претседателот се издава среде лето, затоа што после затишјето во пандемијата, како последица и на офанзивната вакцинација, Америка одново се соочува со нов бран на новозаразени и со зголемување на смртноста. И во САД се случува она истото како и во Европа – најголем број од новозаразените се млади лица и тинејџери. Меѓу оваа популација има зголемен раст на смртноста и во речиси 90 отсто случаи – тоа се лица кои не биле вакцинирани.

Во една таква ситуација, претседателот на САД се определи да им наложи на „федералците“ итно да се вакцинираат, нудејќи им уште и награда за одлуката да се имунизираат, која и натаму, официјално, останува доброволна одлука.

Оние кои и сега ќе одбијат да примат некоја од одобрените вакцини, ќе се соочат со ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење маска на лицето и одржување социјална дистанца. Тие ќе мора да се тестираат ЕДНАШ НЕДЕЛНО, сами плаќајќи си го тестот, а ќе им биде и ограничено службеното патување – внатре во земјата и во странство.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе