Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Најзагаден воздух имаат Полска и Италија

Airborne/Depositphotos.com

Најзагаден воздух имаат Полска и Италија

Европската агенција за човекова околина (ЕЕА) ги објави своите најнови податоци за квалитетот на воздухот во земјите на ЕУ, според кои најчист воздух дишат жителите на градови на северот од Унијата, додека најзагаден оние во Полска и во Италија.

На северот тоа се шведскиот град Умео, како и финскиот Тампере, но и Фуншал, главниот град на португалскиот остров Мадера, во Атлантикот, одалечен од европското копно. За градови со најзагаден воздух се означени Нови Сонч, во Полска, потоа градот Кремона во Италија, како и Славонски Брод во Хрватска.

Десет најчисти градови

Истражувањата се направени во текот на 2019 и во 2020 година. Според нив, жителите на половината од вкупно 323 градови што биле опфатени со мерењето на воздухот, вдишуваат загаден воздух. Далеку најголемиот број од нив се градови во Полска и во Италија.

Квалитетен воздух има во 127 градови. Тоа значи дека во нив нивото на фините честички од прав, во пречник помал од 2,5 микрометри (ПМ2,5) е под граничната вредност од 10 микрограми по метар кубен воздух, што како мерило за квалитет и за здрав воздух ги има определено Светската здравствена организација (СЗО).

Во групата на чисти (според воздухот) градови има десет градови, а таму се и Стокхолм и Упсала во Шведска, потоа три градови во Естонија – Талин, Нарва и Тарту, норвешкиот град Берген, како и Саламанка во Шпанија.

Опасни по здравјето

Европската унија од порно има определено дека 25 микрограмови од ПМ2,5 – по кубен метар – да биде годишната гранична вредност, а тоа значи дека градовите кои имаат поголемо ниво на ПМ2,5 од таа граница – се третираат како градови со лош квалитет на воздухот. Во оваа категорија се споменатите три и уште два други градови од истите земји – Полска, Хрватска и Италија.

Европската агенција ги има рангирано градовите на територијата на ЕУ – од најчистите, до оние со најзагаден воздух, според оваа методологија.

Се смета дека честичките ПМ2,5 се најопасни за човечкото здравје, затоа што се мошне мали и мошне лесни, па брзо може да навлезат во белите дробови, а некои лекари велат и во крвотокот на луѓето, предизвикувајќи предвремена и порана смрт, како последица на кардиоваскуларните и респираторните болести.

Јагленот како загадувач

Факт е дека во последните десет години, квалитетот на воздухот во европските градови е значително подобрен, најновите проценки на ЕЕА покажуваат дека изложеноста на луѓето на овие честички – само во 2018 година – биле причина за пораната смрт на околу 415 илјади лица, од 41 земја на Стариот континент.

ЕЕА смета дека со најновите податоци за квалитетот на воздухот во градовите на ЕУ ќе им овозможи на граѓаните да утврдат каква е состојбата во нивниот град и преку тие сознанија да вршат притисок врз локалните власти да се подобри ситуацијата – споредувајќи се со другите европски градови.

Загаденоста во Полска не е изненадување, затоа што оваа земја во Средна Европа (заедно со Германија) е најголемиот корисник на јагленот за тамошните термо – централи и топлани.

Германците, на пример, и покрај нуклеарната енергија и натаму 30 отсто од своите енергетски потреби задоволуваат со јаглен. Тој процент во Полска е многу поголем и надминува повеќе од 40 отсто, што ги прави местата каде се рудниците и централите да бидат најзагадени во Европа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе