Наоми Кемпбел: прв пат мајка на 50 години
Британската манекенка Наоми Кемпбел ја изненади британската и светската јавност со објавата на интернет дека за прв пат станала мајка. Кемпбел која наскоро ќе наполни 51 година, соопштува дека бебето е девојче.
„Едно прекрасно мало чудо ме одбра мене за мајка. Чест ми е да имам една толку слатка душа во својот живот” – има напишано познатата манекенка на Инстаграм, покрај фотографијата на која се гледаат само малите стапала на новороденото бебе, што таа ги држи во раце.
Кемпбел која е родена во Лондон, сега живее во Њујорк. Не е наведено името на бебето, ниту датумот и местото на неговото раѓање.
Таа од порано, во разни интервјуа, има зборувано дека би сакала да стане мајка, објаснувајќи дека напредокот на науката и на медицината, би можеле да и помогнат за остварувањето на нејзината желба – кога тоа ќе го посака.
Наоми се прослави како врвна светска манекенка и топ – модел во деведесеттите години на 20 век. Тогаш таа беше меѓу првите црни модели кои имаат постигнато светска слава.
Во следната деценија Кемпбел повеќе беше вест во таблоидите низ светот поради бројните љубовни афери со луѓе од светот на богатите и славните личности, главно од светот бизнисот. Во еден период таа му беше девојка на сопственикот на модната куќа „Бенетон“. Подоцна, лондонските весници ја обвинуваа познатата манекенка дека се има оддадено на дрогата, па дури и дека станала насилна.
Честитки на новата мајка, меѓу првите и имаат испратено познатиот моден дизајнер Марк Џејкобс кој досега нема откриено дека Наоми Кемпбел ќе стане мајка, како и главниот уредник на британското издание на модното списание „Вог“.