Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Криптовалутата значи губење пари“

bbbirdz_shop@hotmail.com/Depositphotos.com

„Криптовалутата значи губење пари“

„Оние кои вложуваат во криптовалутата мора да бидат подготвени да загубат пари“ – изјави во Лондон гувернерот на Банката на Англија Ендру Бејли.

Според него, дигиталните валути немаат суштинска вредност, па затоа Бејли предупредува дека луѓето кои вложуваат пари во криптовалутата би требало да знаат дека може лесно да ги загубат сите вложени средства.

Бејли и не крие дека е крајно скептичен кон криптовалутите, на една конференција зборувал за постојаниот раст на нивната вредност.

Гувернерот на Банката на Англија, која во Британија ја има улогата на Централна банка, инсистира на тоа дека вредноста на криптовалутата ја подигаат самите луѓе – вложувачите, односно оние кои вложуваат во нив свежи пари.

„Но, криптовалутите може да имаат, така да се каже, надворешна вредност. Суштински тие ништо не вредат“ – рекол Бејли на конференцијата, забележувајќи притоа дека луѓето може и натаму да ги купуваат, но во тој случај се подготвени да ги загубат вложените пари.

Изјавата и предупредувањето на гувернерот Ендру Бејли доаѓа по сличното предупредување и на британската владина регулаторна комисија за финансиско работење. Според ова тело на британската влада, вложувањето пари во крипто-имот, или вложување во ваквите пари, значи дека секој поединец презема голем ризик да претрпи тешка финансиска загуба.

Банката на Англија, заедно со британското министерство за финансии ќе се здружат во заедничкото истражување, за да ги испитаат дигиталните валути на централната банка на Велика Британија. Во текот на оваа работа, предвидено е да се испита можноста, како и ризикот од потенцијалната дигитална фунта и случаите во кои таа би можела да се употребува.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе