Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Училиште во Мајами забранува вакцинирање!

Училиште во Мајами забранува вакцинирање!

Едно приватно училиште во Мајами, на Флорида, во САД, им има наредено на сите свои учители и на сите други вработени ДА НЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ против Ковид – 19, повикувајќи се притоа, на лажни информации и на со ништо непоткрепени теории против вакцинацијата.

Во соопштението на училиштето се вели дека станува збор за нивна политика – да не вработуваат некој кој има примено она, што училиштето го има означено како – „експериментална Ковид вакцина“.

„Експериментален лек“

Веста за ваквата отворена антиваксерска определеност на една образовна институција, ја има откриено американската телевизија Си – Би – Ес/њуз која се повикува на видена копија од мејлот што им бил испратен на сите родители на децата кои учат во училиштето „Сентнер Академи“ .

Училиштето инсистира дека до некое наредно известување , останува на сила барањето – до сите вработени кои се уште не се вакцинирале – да не се вакцинираат, барем до крајот на оваа учебна година.

Од сите учители и од целиот вработен персонал се бара да ги чекаат резултатите од истражувањаta и анализиte, за кои се вели дека се во тек, за да се види дали овој, според училишното раководство – „експериментален лек“ – на некаков начин ги погодува оние кои не се вакцинирани.

Во меилот на кој се повикува Си – Би – Ес, училиштето објаснува дека тие се цврсто определени да истраат на определбата ДА НЕ ВРАБОТУВААТ лица кои примиле вакцина!?

Тврдење без докази

Она што е најчудно и останува без објаснување е сознанието дека училиштето не нуди никаков доказ за да ја појасни својата антиваксерска теорија, ниту се повикува на било каков и на било кој авторитет од медицината, вирусологијата и епидемиологијата, што би можел да потврди дека вакцините „се недокажани лекови“ за да им бидат давани на луѓето, или дека на било кој начин се штетни за здравјето, што инаку е редовно објаснување на антивасерите.

Училиштето што е раководено и во сопственост на извесни Лејла и Дејвид Сентнер е ново во Мајами. Отворено е во септември 2020 година.

Контровезниот меил, испратен до родителите на учениците, предизвика остра реакција на здравствените експерти. Тие одлуката на училиштето го означуваат како опасна појава во борбата за имунизација на населението. Но,  бурно спротивставување има и од   Унијата на учителите, како и на синдикатот.

Според нив, станува збор за „срамна постапка“ на сопствениците на училиштето, за кое велат дека се уште нема ниту дозвола да работи и да прима ученици за школување.

„Казнување на учителите“

Но, реакцијата на Унијата на учителите покажува дека има и други училишта кои отворено заговараат антивасерство и промовираат крајно ненаучни и по здравјето опасни теории дека вакцините, а не вирусот, се она што е закана за луѓето.

„Ваквите училишта, не само што шират дезинформации и пропаганда (против вакцинацијата), туку и ги казнуваат учителите со тоа што не им дозволуваат да се заштитат – прво себе си, а потоа да ги заштитат и своите семејства“ – се вели во реакцијата на Унијата на учителите.

Локалните синдикати, пак, сметаат дека е „навистина страшно едно вакво решение на работодавачите, кое претставува насилство врз работничките права“, затоа што им овозможува на сопствениците на училиштето да ги отпуштат од работа сите кои, сепак, ќе се решат да се вакцинираат.

Засега се знае дека еден од учителите го напуштил училиштето „Сентнер Академи“, но не се знае дали добил отказ, или пак заминал по своја волја.

Експерти за работнички права, во меѓувреме објасниле дека училиштето ( сепак) може да не прима вакцинирани кадри, или да ги отпушта од работа, затоа што тоа не е незаконска постапка во приватните образовни установи.

Десничарење во Флорида

Флорида последниве години се претвора во силно упориште на американскиот конзеравативизам и на десничарењето.

Особено откако се повеќе латиноамерикански имигранти се населуваат во оваа сојузна држава. Тоа посебно се однесува на имигрантите од земјите кои се под контрола на ултралевичарски, тоталитарни режими, како Куба, Никарагва, или како Венецуела.

Пред и за време на минатогодишните претседателски избори во САД, Флорида стана упориште и на Доналд Трамп кој таму и победи. Во времето додека беше  претседател на САД, Трамп ќе остане запаметен по тоа што максимално го негираше и минимизираше коронавирусот.

Подоцна, долго време не покажуваше поголем ентузијазам за масовно вакцинирање на населението, иако Америка остана една од земјите со најголема смртност во светот. Како негови симпатизери и поддржувачи на изборите во 2020 година и по нив, се јавија американските антиваксерски здруженија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе