Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Обнова на Нотр Дам во следните 15-20 години

chromoprisme/Depositphotos.com

Обнова на Нотр Дам во следните 15-20 години

Работата на обновата и на целосното реставрирање на париската катедрала Нотр Дам, би можело да потрае и да се оддолжи во следните 15-20 години – изјавил ректорот на катедралата Патрик Шове.

Во април 2019 година, Нотр Дам, една од најпознатите катедрални цркви во светот, беше зафатена од голем пожар што мошне тешко ја оштети.

Шове зборувал по завршувањето на велигденската религиозна миса во црквата Сент Жермен Л Оксер, каде сега се одржуваат обредите, што инаку, до пожарот се организираа и се одржуваа во Нотр Дам. Ректорот притоа рекол дека катедралата и нејзината еспленада може да бидат градилиште и во следните две децении.

„Верувајте, сигурно има многу работа да се заврши“ – изјавил во таа пригода ректорот на Нотр Дам, Патрик Шове.

Веднаш по пожарот, францускиот претседател Емануел Макрон покрена широка и амбициозна програма за брза обнова на катедралата – еден од главните симболи на Париз и на Франција. Станува збор за петгодишен план, што е предвидено да трае до 2024 година, кога францускиот главен град е предвиден да биде домаќин на следните Летни Олимписки Игри.

Како сега стојат работите, меѓутоа, речиси, никој не верува дека големата работа што се создаде по пожарот, може да биде завршена до почнувањето на Игрите.

Меѓу другото, предвидено е преуредување на еспленадата пред катедралата, што инаку, секоја година, до април 2019 година, ја посетуваа над 20 милиони француски и странски туристи.

Големиот пожар на ова средновековно здание, целосно го има уништено покривот на катедралата, како и 93 метри високата кула на црквата. Над 500 пожарникари кои учествуваа во борбата со огнената стихија, сепак, успеаја да ја спасат северната кула, со големата камбанарија и главниот објект на Нотр Дам.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе