„Икеа“ ги шпионирала вработените и потрошувачите
Светски познатата компанија „Икеа“, во Франција се најде на обвинителната клупа, откако францускиот дел на компанијата ги надгледувал (ги шпионирал) своите вработени, но и потрошувачите во мега продавниците на територијата во оваа земја.
За оваа масовна операција на шпионирање францускиот бранч на „Икеа“ користел изнајмени приватни детективи, но и припадници на француската полиција.
Сепак, судот во случајов и суди на „Икеа/Франција“, на повеќемина нејзини директори, како и на поранешниот претседател на Извршниот одбор Стефан Вановербек и на раководители на големите маркети по кои е позната оваа компанија.
На судење се и четворица полицајци кои користеле и употребувале доверливи податоци против определен број луѓе.
Податоци од пoлициските досиеја
Веднаш по избувнувањето на скандалот, централата на „Икеа“ има отпуштено од работа четворица високи функционери и итно има воведено нови правила за однесување, но компанијата, во секој случај, не ќе може да ја одбегне касата од 3,8 милиони евра.
За скандалот се разбра откако инсајдер од компанијата уште во 2012 година, има испратени низа мејлови – што меѓу себе ги имале разменувано – функционери на „Икеа/Франција“ на редакцијата на сатиричниот весник „Поткованиот Патор“ (Le Canard Enchaine) .
Во електронската пошта има податоци како „Икеа“ барала од француската полиција да добие пристап до податоците за секој од вработените во компанијата.
Односно од дата – податоците на полицијата сознанија за тоа какви се вработените и дали и какви податоци за нив имаат властите. Од тоа дали се осудувани, дали имаат криминални досиеја, дали биле жртви на криминал, до тоа дали биле сведоци за некаков престап.
Девет години чекање
Такви податоци барале и за потрошувачите – за да знаат какви се, колку се чесни и дали може да им се верува – доколку плаќаат на отплата.
По објавувањето на детали за скандалот во оваа компанија, се имаат огласено два француски синдикати кои имаат поднесено тужби против „Икеа“ – за повреда на приватноста и за илегалното шпионирање и следење на работниците.
Францускиот суд сега води процес за сите вакви случувања во периодот меѓу 2009 и 2012 година. На почетокот на судењето, меѓутоа, се чекаше дури девет години.