Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Шерон Стоун: Ме измамија за сцената од „Основен инстинкт“

andreadelbo/Depositphotos.com

Шерон Стоун: Ме измамија за сцената од „Основен инстинкт“

Американската актерка Шерон Стоун (63) тврди дека била измамена за култната сцена од филмот „Основен инстинкт“, затоа што не биле предупредена дека нејзините гениталии ќе се видат при снимањето на испрашувањето во полициската станица.

Во извадоци од нејзината книга – мемоари, чии делови објавува списанието „Венити Феар“, Стоун зборува и за сцената од оваа еротска крими-драма.

За прв пат во книгата таа признава дека иако токму „Основен инстинкт“ ја има направено филмска ѕвезда, страшното искуство од толкувањето на улогата на осомничената Кетрин Трамел и има предизвикано и „страшни ноќни мори“.

„Едно зборуваа – друго направија“

Актерката сега тврди дека за потребите на снимањето на култната сцена со прекрстувањето на нозете, со измама била убедена да ја симне долната облека. И било ветено дека интимните делови од нејзиното тело нема да бидат видливо во кадарот и нема да се видат во филмот.

Шерон која тогаш имаше 32 години, во својата книга вели дека ветувањето не било испочитувано и тоа го утврдила кога била повикана, да ја гледа конечната верзија на филмот. Наместо да бидат присутни само оние кои го правеле филмот, во собата за проекции била полна со мажи – филмски агенти и адвокати – од кои најголемиот дел немале никаква врска со проектот.

„Тогаш, за прв пат, ја видов својата вагина, а ме уверуваа дека морам да ги свлечам гаќичките, затоа што белата боја ја рефлектира светлината, а тие ќе знаат дека не сум гола“ – раскажува Стоун.

Таа признава дека по тоа имало бројни приказни и коментари – дека освен таа сцена нема што друго за паметење – па вели дека може да го разбере сето тоа, бидејќи на големиот екран се видела себе си со целата своја соголеност.

Шлаканица на Верховен

По завршувањето на проекцијата, Стоун вели дека отишла во собата каде бил режисерот, па му удрила шлаканица (за измамата) и го повикала својот адвокат – за консултација, што да прави понатаму.

Адвокатот, според актерката и рекол дека правилото на здружението на актерите предвидува дека еден филм не може да има ваква сцена, затоа што авторите немале согласност да биде снимена како што бил снимена.

Верховен (наводно) реагирал студено на расправијата со Стоун, уверувајќи ја дека во дадената ситуација таа нема никаков избор (да се измени, или за да се исече сцената). Во 2017 година, режисерот ја обвинувал дека лажно ја прикажува нивната расправија, но сега, по појавувањето на извадоците од нејзината книга во „Венити Феар“, тој одбива да ги коментира обвинувањата на актерката.

Сексуална злоупотреба

„Навистина, што можев јас тогаш, како актерка, жена, да направам. Навистина немав избор, па одлучив да ги повлечам приговорите и да дозволам за гледачите филмот да остане со сцената која предизвика бура. Меѓу другото и затоа што таа сцена е соодветна на ликот што го толкувам, а конечно, и затоа што јас тоа, сепак, го направив – снимив една таква сцена“ – вели во книгата – мемоари Шерон Стоун.

Освен за „Основен инстинкт“ таа зборува и за некои состојби во Холивуд и за тоа дека постои сексуална злоупотреба и сексуално прогонување кон актерките.

Стоун тврди дека во текот на кариерата била терана да има сексуална врска со својот партнер во филмот што го снимала, за да можело да се обезбеди „вистинска хемија“ меѓу нив двајцата, при снимањето на љубовно-еротската сцена за потребите на филмскиот проект.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе