Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Полицијата против гневните лондончанки

Stewart Munro/Unsplash

Полицијата против гневните лондончанки

Три денови по ред, во Лондон се одржуваат протести против однесувањето на полицијата која се осудува за „непримерна употреба на сила“, но и затоа што не прави ништо за да ги заштити повеќе жените во главниот британски град.

На протестите, главно, се собираат жени, а поводот за протестите и за изразувањето незадоволство од работата на полицајците е исчезнувањето и убиството на 33 годишната лондончанка Сара Еверард. Таа последен пат е видена жива, околу 22 часот, на 3 март, во реонот на мирниот лондонски кварт Клапам Комон, како пеш оди дома, по што и се губи секаков траг.

Десет денови подоцна, нејзиното тело е пронајдено далеку од тоа место, во една шума, во областа Кент во јужна Англија, кај местото Ешфорт.

Убиец-полицаец

Полицијата брзо успеа да го најде човекот кој е осомничен дека ја грабнал и потоа дека ја убил. Станува збор за полицаец, вработен во одделот задолжен за безбедноста на странските дипломатски мисии, кој е притворен. Против него е покренато и обвинување и прв пат ќе се појави на суд на крајот од октомври. Не е соопштено како несреќната Еверард била убиена.

Но, протестите и гневот на јавноста го предизвикаа полицајците затоа што брутално го растераа ноќното бдеење, со палење свеќи, во паркот во Клапам Комон, таму каде од уличните ТВ камери е „уловена“ убиената млада жена.

А, на бдеењето големо мнозинство беа жени – кои се повеќе се чувствуваат незаштитени на улиците.

Редењето цвеќе и палењето свеќи почнало уште во текот на денот. Меѓу оние кои оставиле цвеќе во еден момент била и Кејт Мидлтон, која на тој начин се солидаризирала со јавниот револт по убиството. Но кога продолжило и ноќта била испратена полицијата да ги растера присутните.

Непримерна бруталност

Некои од жените се имаат спротивставено, а други ја искористиле приликата да ја прекорат полицијата што ја нема кога е потребно, на улиците да ги штитат луѓето, а посебно младите жени.

Но, полицајците немале волја да се убедуваат, па почнале да користат сила и притоа имало кошкање во кои некои од жените биле „натепани“.

Сето тоа снимено со камерите од мобилните телефони беше прикажано на телевизиите, што само уште повеќе го подигна револтот на јавноста. Десетина (наводно) највоинствени – жени – со лисици на рацете биле одведени од местото на инцидентот.

Дел од медиумите побараа оставка од комесарот на Скотланд Јард, што инаку десетина години е жена.

Повеќе светлина на улиците

Таа одбива да се повлече, откако јавно беше осудена полициската бруталност од градоначалникот на Лондон. Министерката за внатрешни работи и премиерот, сепак, сметаат дека и покрај „вознемирувачките сцени“ нема место за сменување на комесарот на полицијата.

За да ја смири јавноста, полицијата со министерството, набрзина најавија мерки за поголема заштита на жените – со присуство на неуниформирани полицајци по ноќните клубови и ноќните собирања на младите, како и за засилување на, инаку, слабо осветлените лондонски улици. Но ваквите мерки само го засилија незадоволството.

Дури 80 отсто од жените имаат признаено дека се сексуално малтретирани на јавни места, а 90 отсто признале дека не се јавиле во полицијата. Едноставно не верувале дека тоа нешто може да помогне. И, уште нешто, убиената Сара Еверард не била на журка, или во ноќен клуб – се враќала дома од посета кај своја пријателка.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе