Мила Јовович на хрватски јазик
Холивудската актерка Мила Јовович има снимено ново видео за промовирање на нејзиниот најнов филм „Monster Hunter”, па на своите фанови во Хрватска им се обратила на хрватски јазик.
Поздрав на Хрватска. Јас сум Мила Јовович – има речено актерката во кусата видео порака, во која ги повикува гледачите да го гледаат нејзиниот филм, што од овој викенд почнува да се прикажува во храватските кина.
Нејзиниот татко, Богдан Јовович по потекло е од Црна Гора. Нејзината мајка, Галина, пак, е родена во Русија. Тоа од секогаш на балканските простори се користи за се уште присутните расправии – чија е актерката.
Дали е Црногорка (во Србија велат дека има српско потекло, веројатно, затоа што таму сите не признаваат постоење на посебна црногорска нација), или пак е можеби Русинка. Или дури и Украинка, според тоа каде точно е родена нејзината мајка.
Тие и такви приказни се појавија и после ова обраќање на актерката – направено само за да го изрекламира својот филм.
На српските социјални мрежи дури се имаат појавено (потсмешливи) реакции околу веста на која стои дека актерката зборувала на чист хрватски јазик.
Се уште на просторот на екс Југославија, меѓу некои траат националистички „закачки“ за тоа дали воопшто постои хрватскиот јазик!
А, самата Јовович, минатата година предизвика внимание откако во едно интервју откри дека нејзиниот дедо – Црногорец – кој исто така се викал Богдан Јовович, бил југословенски партизан во текот на Втората светска војна.
Филмот “Monster Hunter”, инаку, му припаѓа на жанрот фантазија-трилер.