Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Замрзната Нијагара

njene/Depositphotos.com

Замрзната Нијагара

Делови од надалеку познатите водопади на Нијагара, што се наоѓаат во сојузната држава Њујорк, на самата американско-канадска граница – во текот на изминатиот викенд осамнаа и останаа замрзнати.

Ваквата ситуација беше предизвикана од мошне студеното време во тој дел од САД и Канада, што го донесе напливот на арктички воздух, предизвикувајќи температурите да се спуштат и под минус 20 степени Целзиусови.

Замрзнатите делови од водопадите, меѓутоа беа силна атракција за туристите и гостите кои се најдоа на американската и на канадската страна од реката – јавуваат тамошните медиуми. Луѓето можеле да видат големи парчиња мраз како пловат по реката, а облаци од пареа и моќно виножито како се надвиснати над целиот простор, каде реката „пропаѓа“ во длабокиот амбис.

Иако во еден момент изгледало дека водопадот е целосно окован во мразот, сепак, и покрај студот и многу ниските температури, водата од реката не престанала да тече.

Медиумите велат дека таа и никогаш не престанува да тече, колку и да е студено, како што тоа се случувало и во други години.

Како на пример, во зимата во 2014 и во 2015 година, кога овој дел од северно-американскиот континент, исто така, беше зафатен од големи студови и од силен поларен бран.

Студено време минатата недела и таа пред тоа, беше регистрирано и во други американски сојузни држави. Дури и во Тексас, каде владата на САД прогласи вонредна состојба откако студот и лошото време предизвикаа проблеми во снабдувањето со струја за голем дело од тамошното население.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе