Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Џорџ Шулц почина на 100 години

Џорџ Шулц почина на 100 години

Поранешниот американски државен секретар Џорџ Шулц, починал на 100 годишна возраст, во својот дом во Станфорд, во Калифорнија – јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на соопштението на тинк-танк институцијата Хувер.

Шулц има оставено силен печат врз креирањето на американската надворешна политика во текот на низа години од 20 век, а како шеф на Стејт департментот има многу помогнато за завршувањето на долгата Студена војна.

Има работено на разни функции во текот на мандатите на тројца претседатели на САД – Двајт Ајзенхауер, Ричард Никсон и Роналд Реган.

Во време на администрацијата на Реган, во осумдесеттите години на 20 век, има вложено голем труд во настојувањето да се унапредат односите на САД со тогашниот Советски Сојуз.

Во втората половина од осумдесеттите, Шулц посебно се има ангажирано во настојувањето да го приволи тогашниот советски лидер Михаил Горбачов – Москва да прифати, конечно, завршување на Студената војна и попуштање на тензиите во односите на Истокот и Западот, кои потекнуваа од таквата меѓународна ситуација.

Хувер институцијата каде Шулц има работено како предавач, во посебно издаденото соопштение, по повод неговата смрт вели дека тој има голем придонес во настојувањата, со дипломатски средства, да дојде до менување на насоките на историјата и да доведе до крај на Студената војна.

Директорот на Хувер институцијата, Кондолиза Рајс и самата поранешен државен секретар, го опиша Шулц како голем американски државник и вистински патриот, во правата смисла на тој збор.

Џорџ Шулц е роден во Њујорк, во 1920 година. Во политиката и во дипломатијата прв пат има влезено во педесеттите години на 20 век.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе