Сестрата ја тужи Мараја Кери – за „суровост“
Постарата сестра на американската пејачка Мараја Кери, има поднесено тужба против сопствената помлада сестра и музичка ѕвезда – за „суровост“ и за „јавно понижување“ и за тоа бара парична отштета од најмалку 1,25 милиони долари.
Навредената и повредена сестра Алисон во тужбата до судот во Њујорк тврди дека има доживеано „силен емоционален стрес“ од она што во своите мемоари, објавени во септември 2020 година, помладата Мараја има напишано за неа, за времето на нивната рана младост, додека двете живееле заедно.
Во својата книга пејачката тврди дека кога имала 12 години, а Алисон била на 20 годишна возраст, постарата сестра ја доведувала Мараја во ситуација да биде како подводаџика.
Сестрата Алисон сега тврди дека не може да поверува колку „сурова можела да биде Мараја“ за да напише нешто такво и дека се уште не може да се опорави од „шокирачкото откритие“ во мемоарите на нејзината помлада сестра.
Алисон ја обвинува Мараја дека сето тоа го напишала само за да обезбеди повисок тираж и поголема читаност на книгата.
Во тужбата, постарата сестра открива дека таа и онака има трауми од својот живот – уште од времето на детството, но и сега кога е сама, откако ја имаат напуштено и нејзините деца. Во исто време, таа ја обвинува познатата пејачка дека пред појавувањето на книгата не и оставила никаков простор за да и одговори.
Мараја Кери, пак, во мемоарите изразува сожалување за Алисон и сочувствува со сестрата, нарекувајќи ја на едно место – најпрекрасната ранлива личност – која познава.