Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

ФБИ трага по украдениот лаптоп на Пелоси

Paul Brady/BigStock.com

ФБИ трага по украдениот лаптоп на Пелоси

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) интензивно настојува да утврди каде се наоѓаат украдениот лаптоп, или само неговиот хард-диск, што е украден од канцеларијата на Ненси Пелоси, Спикер на Конгресот, по насилничкиот упад и неколку часовната окупација на конгресната зграда, на 6 јануари, од голема толпа трампови приврзаници.

Лаптопот е украден од 22 годишната Рилеј Џун Вилијамс, која е формално обвинета за грабежот. Таа е уловена од безбедносните телевизиски камери како ги „распоредува “ насилниците од бандите, составени од ултра-десничари и расисти, додека трчаат низ коридорите на Конгресот, настојувајќи да влезат во што е можно повеќе канцеларии.

Она што, меѓутоа, сега ги интересира оперативците на ФБИ е дали украдениот лаптоп на Пелоси не им е продаден на руските разузнавачи.

Лаптопот кај руските разузнавачи?

По упадот на протрамповите бандити, собрани на Капитол Хил, откако Доналд Трамп ги повика „да го освојат Конгресот“ – најголема загриженост и тогаш, а и сега предизвикува можноста насилниците да ги украдат компјутерите по канцелариите и да ги земат податоците кои се наоѓаат во нив.

Безбедносни експерти имаат изјавено за американските медиуми дека некои од тие кои се украдени би можеле да ја загрозат националната безбедност на САД.

Што се однесува за грабежот на лаптопот на Пелоси, судот во Вашингтон/Дистрикт Колумбија, има разбрано од поранешниот партнер на обвинетата Вилијамс.

Случајот со лаптопот на Спикерот на Конгресот, е еден од над 200 такви случаи за кои ФБИ има покренато истрага. Сите се тие дел од вкупната истрага за нападот и упадот на конгресната зграда на Капитол Хил, кога конгресмените и сенаторите ја потврдуваа изборната победа на Џо Бајден.

Сомнителен грабеж

Инцидент со украден лаптоп, но во сосема поинакви околности, имаше и во текот на изборната кампања, кога од едена сервисна работилница „исчезна“ лаптоп компјутерот на синот на Бајден, што бил оставен на сервисирање. Малку по тој случај, некои работи што биле во меморијата на лаптопот се појавија во напис во весникот „Њујорк Пост“, инаку силно наклонет на реизборот на Трамп на претседателската функција.

Никој не беше обвинет, но се разбра дека податоците кои ги објави весникот за синот на Бајден, кои инаку требаше да му напакостат на таткото Бајден, на редакцијата и ги има понудено личниот адвокат на досегашниот претседател, Руди Џулијани.

Тој се споменува како еден од главните советници на Трамп кој му има сугерирано да преземе екстремни потези за да докаже дека претседателските избори, наводно, се фалсификувани. Никакви докази не беа најдени, а и она што Џулијани сугерираше да им се нуди на судовите низ САД, како „доказ“ при поднесените приговори – не беа прифатени од ниту еден од 17-те судови низ Америка каде републиканците имаат поднесено жалби.

Манипулација со толпата на Капитол Хил

Случајот со лаптопот на Ненси Пелоси доаѓа по информациите во медиумите дека луѓе од изборниот штаб на Трамп, имаат одиграно главна улога при нападот на Конгресот.

Според овие написи, што се правени врз основа на темелна анализа на расположливите докази, излегува дека насилниот упад не е смислен од толпата со тврдокорни трамповци. Тие биле само обични извршители на планот што имаат смислено луѓе вклучени во изборниот штаб на Трамп.

Ваков доказ е најден во дозволата што полицијата им ја има издадено на непрофитната про-трамп организација „Жените во Америка на прво место“ за да одржат митинг на 6 јануари, на еден плоштад блиску до Белата куќа. На документот – дозвола се среќаваат и имињата на лица кои само до една недела пред тоа, биле ангажирани во изборниот штаб – работејќи за високи хонорари.

На анализираната дозвола за митингот, има и имиња кои се блиска врска со Белата куќа. Веднаш по нападот врз Конгресот, повеќето од овие луѓе се немаат појавено во јавноста, настојувајќи на тој начин да се дистанцираат од случувањата на Капитол Хил.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе