Меланија Трамп заминува неомилена
Досегашната прва дама на Америка, Меланија Трамп заминува од Белата куќа со најнизок рејтинг на популарност, споредено со популарноста на сопругите на тројцата претходни претседатели- Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон.
Од февруари 2016 година , од кога се следи нејзината популарнот во американската јавност, таа на крајот заминува со рејтинг што не е повисок од 42 отсто.
Во истражувањето што е направено пред истекувањето на мандатот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, само 42 отсто од Американците имаат позитивно мислење за досегашната прва дама, додека други 47 отсто имаат негативно мислење.
Највисок рејтинг, Меланија има постигнато во мај 2018 година, кога има добиено подршка од 57 отсто. Тоа е времето на организирањето на првата официјална вечера во Белата куќа, како и кога присуствуваше на погребот на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш- постариот, во Тексас.
Таа си заминува со далеку пониска популарност од Мишел Обама, која при заминувањето имаше подршка од 69 отсто, како и од Лора Буш (67 отсто) и од Хилари Клинтон (56 отсто).
Истражувањето било направено во време кога во јавноста во САД се зборува дека таа има намера да се разведе од Трамп и тоа набргу по неговото повлекување од Белата куќа. Не се знае што би била причината за тоа, но на социјалните мрежи се лицитира околу тоа колку евентуалниот развод би го чинело Трамп.
Проценка е дека разводот со Меланија би го чинел 50 милиони долари, без определување недвижен имот што би и бил доделен, алиментација и издржување за нивниот син, за кој се верува дека би останал со мајката.
Меланија е трета сопруга на Трамп. Според списанието „Форбс“ богатството на доскорешниот претседател на САД и пред тоа бизнисмен, се проценува на 3,5 милијарди долари.