Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Стела Тенант се самоубила

"Stella by David Sims. British Vogue." (CC BY 2.0) by tiinal91

Стела Тенант се самоубила

Познатата британска манекенка од деведесеттите години, Стела Тенант, која почина на 22 декември, всушност извршила самоубиство. Се самоубила само пет денови откако наполнила 50 години.

Во првото соопштение на семејството за нејзината смрт беше речено дека смрта била „изненадна“, па се мислеше дека можеби е во прашање срцев, или мозочен удар. И полицијата издаде соопштение во кое потврди дека смртта на Тенант „нема сомнителни околности“.

Сега, меѓутоа, е утврдено дека во случајот за изненадната смрт на манекенката и фото – модел, станува збор за самоубиство.

Во новата изјава на нејзиното семејство сега стои само дека „извесно време не била добро“, како и дека „не се чувствувала способна за да продолжи“.

За ѕвезда е прогласена уште на 22 годишна возраст, кога за прв пат има позирано за модното списание „Вог“. Во кариерата има работено за низа познати модни креатори и модни куќи, како што се Александар Меквин, Келвин Клајн, Жан Клод Готје, Барберис, Карл Лагерфелд (Шанел) кој и ја има лансирано како „слика и прилика на Коко Шанел“.

Во 1998 година, поради бременост за момент ја прекинува кариерата. Следната година таа ќе се омажи за фотографот Дејвид Лејн, со кого имаат четири деца, а потоа пак ќе се врати на модната писта.

Во светот на манекенството е прогласена за „автентична личност“ меѓудругото и поради нејзиното аристократско потекло.

Стела Тенант, заедно со Наоми Кемпбел беше една од ѕвездите на свечената церемонија на затворањето на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе