Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Марадона без алкохол и дрога во телото

Doha Stadium Plus Qatar, Diego Maradona 2012 2, CC BY 2.0

Марадона без алкохол и дрога во телото

Неодамна починатата аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Марадона, не консумирал алкохол, а не земал ниту било која дрога, или наркотично средство, во деновите пред да почине – соопштено е во Буенос Ајрес, по извршената детална обдукција.

Марадона почина во ноември, на 60 годишна возраст.

Познато е дека има земано седум различни лекови – за депресија, за анксиозност, како и за низа други болести кои го имаат нападнато неговото тело.

Но, обдукцијата покажа дека во него не се најдени траги од опојни дроги.

Обдукцијата била правена врз примероци од неговата крв и урината, преку која било утврдено дека прославениот фудбалер имал сериозни проблеми со срцето, со бубрезите, како и со белите дробови.

Самата обдукција, инаку, ги има потврдено претходните наоди, добиени од првичната обдукција, што била направена веднаш по неговата смрт. Потврдено е дека Марадона починал од акутен ендем на белите дробови, како последица на хроничното срцево заболување.

Иако ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, во текот на целиот свој живот, дури и како активен спортист, Диего Марадона беше зависник од алкохолот и дрогата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе