Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Нов вид коронавирус?

Michele Ursi/BigStock.com

Нов вид коронавирус?

Повеќе илјади случаи со новозаразени лица, кај кои е забележан сосема нов вид коронавирус, се откриени во изминатите недели во Велика Британија, а пред се во Англија – потврди британскиот министер за здравство Мат Хенкок.

Ваквите случаи се регистрирани главно во јужните делови од државата, што епидемиолозите сега ги врзуваат за наглото зголемување на бројот на новозаразени пациенти токму во овие англиски области.

Откриена во јужна Англија

Владата во Лондон за оваа појава веднаш ја има известено Светската здравствена организација (СЗО).

Министерот Хенкок, за оваа појава ги има известено и пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент кој работи и во сегашните услови на глобална пандемија, иако со проретчени редови.

Нагло зголемување на новозаразени има во реонот на британскиот главен град, како и во англиската област Кент која е соседна со Лондон, потоа во делови од областа Есекс, како и во Хартфортшир и во сите овие локации е забележано присуството на новиот вид од вирусот.

Ханкок, според британските медиуми, настојува „ништо да не сугерира“.

Новиот вид се развива побрзо

Овој министер не тврди дека новиот вид корона произведува и потешки облици од болеста, ниту пак дека вакцината нема да биде ефикасна како што сега се очекува, на почетокот од вакцинирањето против овој нов вид.

Намерата на британските здравствени власти е само да се соопшти дека според првичните сознанија на здравствените експерти, оваа нова варијанта на коронавирусот се развива побрзо од “обичната“ корона.

Не знаеме до која мерка, зголемувањето на бројот на новозаразени лица во Англија е директна последица на новиот вид од короната, но без оглед на причините, знаеме дека мора веднаш и одлучно да се реагира

…има речено британскиот министер Хенкок, за кого тоа е важно за да може да се контролира смртноста на оваа болест, додека не се добие вакцината и таа не почне да ја врши својата заштитна улога.

(Д.Л.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе