Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Кривокапиќ: Верниците не се заразуваат!

Bill Anastasiou/BigStock.com

Кривокапиќ: Верниците не се заразуваат!

Мандатарот за состав на нова влада во Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изјави дека „оној кој верува (во Господ), кој во себе ја носи верата, нема да се зарази со коронавирусот, па и да зел причест со една иста лажичка“.

Во едно телевизиско интервју во Подгорица, Кривокапиќ рекол дека не верува оти преку причестувањето, со користење на една иста лажичка за сите православни, христијански верници, човек-верник може да се зарази, како и дека овој црковен обред не ја шири епидемијата.

Идентични ставови со СПЦ

Според овој политичар, кој по неуспехот на партијата на актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, на последните парламентарни избори, изби во преден план на тамошната политика, историјата на христијанството никогаш не го поставувало прашањето околу причестот и употребата на едно лажиче.

Ваквата позиција на идниот премиер на Црна Гора, политички, сосема близок до позицијата на просрпскиот Демократски фронт, во однос на религијата и верувањето е наполно идентичен со погледите на Српската црква (СПЦ) за причестувањето и како тоа да се изведува, во сегашните вонредни околности, поврзани со вирусот.

Оваа црква уште пролетва, во време на првиот бран од короната, застана на ваквата позиција, откако беше откриен еден инцидент во црква во Нови Сад (во Војводина) кога свештеник давал причест со една иста лажичка, во време кога имаше строги санитарно – епидемиолошки мерки за одбрана од епидемијата, што инаку СПЦ, јавно, ги подржуваше.

Причестот како заштита

Тогашното црковно објаснување е идентично со она на политичарот Кривокапиќ, за тоа дека историјата памети бројни епидемии, но дека таа никогаш не тргнала од црквата и од верниците (!?), како и дека не се паметело причина за зараза да биде причестувањето и лажичето кое притоа се користи.

„Доколку човек верува, може и планина да помести, од едно место, на друго. Верата, едноставно, се може и тоа го покажува сегашната пандемија – нема да се заразите ако причест примите со лажичето со кое пред вас се причестите стотина други верници“ – сугерира Здравко Кривокапиќ.

Поводот за разговорот и за ваквата тема било одлуката на идниот црногорски премиер да се причести за време на масовно посетениот погреб на контроверзниот митрополит на СПЦ во Црна Гора, Амфилохие, во Подгорица, кој почина во болница, откако беше заразен со коронавирусот.

Без маска на погреб

Здравствените власти во земјата, претходно, бараа од СПЦ, митрополитот да не се погребува со отворен ковчег, затоа што умре од Ковид-19, кога веќе црквата не прифати да нема масовен погреб.

Но, и ова барање на епидемиолозите не беше испочитувано, па стотина лица се верува се заразија затоа што беа на погребот, а меѓу заразените се и српскиот патријарх и уште неколкумина црковни високодостојници.

Кривокапиќ на погребот не носел маска, иако владата што ќе ја предводи тоа го има пропишано како задолжително.

Маски нема никој носено од оние кои беа на погребот – како црковните лица, така и другите гости и сите во погребната маса. Освен српскиот претседател Александар Вучиќ кој исто така беше на погребот во Подгорица.

Црногорскиот политичар во интервјуто тврди дека и тој бил заразен од корона (не знае кога и каде), но за тоа разбрал, отпосле, кога му правеле тест за антитела.

„Го прележав вирусот, од нога, а да не ни знаев дека сум болен“ – рекол идниот премиер на Црна Гора, не споменувајќи дали болеста кај него не се развила, само затоа што е длабоко посветен на религијата.

(П.Т.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе