Свадба предизвика жариште од Мејн
Една американска свадба, во малата сојузна држава Мејн, предизвика здравствено – санитарна криза и ја има претворено државата во жариште на коронавирусот.
Дури 177 сватови и гости, на венчавката и забавата на свадбата, веднаш се имаат заразено, откако петмина биле присутни меѓу гостите, иако биле заразени со Ковид-19. Други 30 лица се покажало (подоцна) дека исто така биле позитивни на тестот, а биле директно поврзани со свадбата.
Според локалните медиуми, досега, седум лица – сватови на свадбата – се починати.
Специјална истрага
Други тројца биле префрлени во болница, ставени на респиратори, како тешко заболени, а целата Мејн наеднаш се има најдено во сериозна корона криза, откако заразата брзо се проширила низ оваа држава, преку движењето и дружењето со други луѓе, на оние 117 првично инфицирани.
Американскиот центар за контрола и превенција на заразните болести, има покренато детална истрага за тоа како оваа сојузна држава, наеднаш, се претвори во кризна зона.
Медиумите велат дека на луѓето од Центарот му биле потребни неколку месеци да ги поврзат работите и да откријат како една свадба, семејна веселба – венчавка на двајца млади – прераснала во раширена епидемија.
Во салата каде се одржала веселбата, на сите страни имало знаци за предупредување – за задолжително носење маски на лицето и за одржување дистанца. Но, се покажало дека речиси ниту еден од гостите, не ги почитувал мерки. Освен персоналот во салата и келнерите – и колку се знае – никој од нив не бил заразен.
Создавање жаришта
Мејн не е осамен случај во САД. Во низа други сојузни држави, се одржуваат свадби и разни слични собирања, на кои има многу повеќе луѓе од она што го советуваат лекарите, при тоа, минимален е бројот на оние кои, воопшто, ставале маски.
Епидемиолозите го користат случајот со свадбата во Мејн, како пример за предупредување и за укажување што всушност, се случува кога ќе се потцени силината на вирусот и кога нема да се почитуваат епидемиолошките мерки.
Американските здравствени експерти инсистираат дека вакви жаришта брзо се создаваат и дека свадбите, на пример, може да предизвикаат многу сериозен проблем што потоа бавно и долго се санира.
Епидемиолозите инсистираат на почитување на мерките – за одбегнување на вакви и секакви други собирања со повеќе луѓе, меѓу кои има непознати лица – за кои не може да се знае со кого и каде претходно се среќавале.
Опасно помасовно дружење
Експерт на оваа американска агенција име речено дека собирањата на повеќе луѓе – како со првиот бран, пролетва, така и сега во екот на вториот бран, се претвораат во опасни зони, посебно доколку се одржуваат во затворено (како свадбата во Мејн) каде има премногу луѓе а просторијата не се проветрува.
Во такви услови, коронавирусот се шири брзо и лесно и низ воздухот, само со долгото дружење со лица кои се заразени, а тоа не го знаат, или едноставно – го сокриваат.
Свадбите, на пример, како и други семејни собирања се една од главните причини за ширење на заразата и во низа други земји и региони и во Европа.
Во Јужна Европа и на Балканот, посебно, па во тие рамки и во Македонија, но и во другите делови од регионот. Грција и Хрватска, како и Црна Гора веќе самите имаат признаено дека свадбарските веселби есенва, имале силно влијание врз раширувањето на вирусот.
И после сите предупредувања, се уште има луѓе кои не веруваат дека коронавирусот постои, а уште помалку дека станува збор за голема закана.