Кање Вест го призна поразот
Американскиот рапер Кање Вест призна дека доживел пораз на американските претседателски избори
Вест кој на годинешниве избори за Белата куќа се кандидираше како независен кандидат, на Твитер објави дека се одлучил, сепак, да признае дека изгубил, откако утврдил дека заостанува – со милионска разлика во гласовите – зад актуелниот претседател на САД и неговиот демократски противкандидат.
За раперот, добитник и на наградата „Греми“, кој сака да биде американски претседател, гласале 60 илјади Американци. Најмногу гласови добил во сојузната држава Тенеси. Десет илјади тамошни гласачи, токму нему му ја дале својата поддршка.
Самиот Кање Вест гласал во државата Вајоминг. Во вторникот, на денот на гласањето тој има признаено дека гласал за себе.
„Денес за прв пат гласав за еден претседател на САД, за некого во кого верувам – за себе!”