Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ирска трага по својот делфин

treicrphotos/BigStock.com

Ирска трага по својот делфин

Властите во Ирска имаат покренато масовна потрага по делфинот Фунга кој речиси 40 години живее во близината на заливот Дангл, на југозападниот ирски брег, забавувајќи илјадници посетители и туристи и помагајќи ја на тој начин  локалната економија.

Потрагата е покрената откако од пред извесно време делфинот не се појавува на морската површина. Неговото исчезнување ги разочара жителите на овој дел од оваа островска држава, кои се загрижени од можните последици за бизнисот во реонот на заливот.

Во ова време на пандемија и карантин, што предизвика драстичен пад на целата економија, локалните жители се надеваа во нивниот „ спасител“ – делфинот – чии игри и лудоштини постојано имаат привлекувано туристи кои доаѓаат во заливот за да го видат Фунга.

Посебно се загрижени жителите на малото гратче Дингл Беј. Тие раскажуваат дека делфинот за прв пат се појавил уште во 1983 година и од тогаш, никогаш до сега не си заминал. Во сите овие години, овој морски цицач се има претворена во главната и вносна атракција во овој крај, каде луѓето од секогаш се занимавале со рибарство.

Игрите во водата што ги приредувал делфинот станале познати низ Ирска, па бројот на посетителите постојано растел, претворајќи го туризмот  во главниот извор за растежот на локалното стопснство.

Полза имале и угостителите и продавачите на разни сувенири, но и превозниците. Локалните луѓе се откажале од рибарењето и се претвориле во бизнисмени. Со своите чамци и бротчиња тие ги носеле гостите блиску до локалцијата каде си играл делфинот, за да можеле да го гледаат од непосредна близина.

Сега сето тоа е во сериозна закана. Луѓето се помалку веруваат дека ќе го најдат делфинот. Едни сметаат дека можеби угинал, други, пак, веруваат дека си заминал со јатото китови кои непосредно пред ислезнувањето на Фунга, поминале низ заливот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе