Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Корона на кожата е активна девет часови

🇨🇭 Claudio Schwarz | @purzlbaum/Unsplash

Корона на кожата е активна девет часови

Коронавирусот на кожата на луѓето останува активен девет часови, што е пат пати подолго, во споредба со вирусот на грипот – тврдат јапонските научници.

Ова нивно најново откритие, уште еднаш ја покренува од потребата за хигиена на рацете и за нивно миење и дезинфицирање после секој контакт и допир – за да се добие битката со одново раширената епидемија.

Според направените испитувања, патогенот што го предизвикува грипот, на кожата се задржува помалку од два часа, пред да исчезне, објаснуваат јапонските експерти кои откриваат дека тестовите ги правеле на примероци од кожа земена од починати пациент- еден ден по нивната смрт.

И вирусот на грипот, како и оној на короната, се губат по 15 секунди откако рацете (или други делови од кожата) ќе бидат премачкани (исчистени) со етанолот што го содржат средствата за дезинфекција.

Сознанието дека коронавирусот може да живее толку долго на кожата и да остане активен многу повеќе од грипот, го зголемува ризикот од негово пренесување низ контакти преку кожата, ја налага потребата од редовно миење на рацете преку кои најмногу и може да се пренесува.

Тоа е нешто што уште на почетокот на пандемијата го сугерираа епидемиолозите, но кое подоцна, низ експлозијата на заразата во текот на пролета, како да се подзаборави.

Целата агитација и укажувања се сведоа на носењето маска на лицето и одржување социјално дистанцирање, барем од два метри, еден од друг, што значеше и одбегнување на масовни собирања и дружења и на отворени, а не само на затворени места.

Сега, после доказите што ги имаат обезбедено јапонските истражувачи, има и научна потврда за потреба од строга хигиена на рацете, пред се.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе