Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ким Кардашијан – 1 милион долари за Ерменија

kathclick/BigStock.com

Ким Кардашијан – 1 милион долари за Ерменија

Ким Кардашијан има донирано еден милион долари во Фондот за помош на народот од Ерменија, погоден од сегашниот најнов воен судир со соседен Азербејџан, околу спорната енклава Нагорно Карабах.

Оваа област е дел од територијата на државата Азербејџан, која е речиси целосно населена со муслимани, но над 95 отсто од населението во областа, се Ерменци кои се православни христијани. Тие Нагорно Карабах го нарекуваат Артсак.

Спорот потекнува уште од времето на некогашниот СССР, кога тогашната советска власт има одлучено, областа, административно, да биде дел од азерската територија. И тогаш, а и сега Азерите инсистираат дека Нагорно Карабах е само нивна територија.

Најновиот жесток судир што траеше две недели, предизвикувајќи човечки жртви и на двете страни и голема материјална штета, го покренаа властите во Баку, за да, како што велат- се „ослободи„ азербејџанската територија од „ерменските окупатори“.

Азербејџан, практично, нема никаква контрола врз Карабах (Артсак) уште од 1994 година, кога беше воспоставено примирје, по тогашните тригодишни судирања, кога локалните Ерменци прогласија „независност“ која никој ја нема признаено. Дури ни Ерменија.

Кардашијан која како ѕвезда на „риалити шоу“ програмата, заедно со своите три сестри и братот, стана позната и надвор од Америка, сега води кампања за донирање пари за „ерменските жени и деца“, повикувајќи се на своето ерменско потекло. Нејзиниот татко Роберт Кардашијан бил Ерменец.

Во акцијата се вклучени и нејзините сестри, а сите повикуваат да донираат средства за луѓето во Ерменија и во Артсак.

Минатата година, Ким, заедно со едната од сестрите, ја посетиле Ерменија каде биле примени од претседателот Армен Саркисијан.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе