Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Српско оружје во судирањата за Нагорно Карабах

AkintevS/BigStock.com

Српско оружје во судирањата за Нагорно Карабах

Српско оружје и воена опрема се користи во сегашниот, најнов оружен судир меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорната област Нагорно Карабах – пишуваат белградските медиуми, повикувајќи се притоа на извори и медиуми од двете завојувани страни.

Ракетите што Ерменците ги имаат лансирано против азербејџанските воени сили, се произведени во две српски воени фабрики – едната е „Крушик“ од Ваљево, позната уште од времето на поранешна Југославија, а другата е белградската „Едепро“.

Првата ги има произведено ракетите од типот Г-2000, додека другата фабрика ги прави моторите за ова убоито оружје.

Во актуелните српски политички (не)прилики, медиумите имаат „ископано“ и некои други детали, што се врзуваат за внатрешно-политичките прилики во државата.

А, тоа е дека овој тип ракети на ваљевски „Крушик“, оваа фабрика ги има продадено на српската фирма „Вектура Транс“ која, пак, е поврзана со локалниот трговец на оружје, извесен Слободан Тешиќ.

Тој во српската јавност е познат, како еден од главните финансиери на владејачката Српска напредна странка (СНС), на претседателот Вучиќ.

Белградскиот неделник НИН, тврди дека овој трговец се вклучил во овој (вносен) бизнис во 2013 година, кога Вучиќ бил министер за одбрана во Република Србија.

Во 2017 година, тој во САД е ставен на „црната листа“ на трговци со оружје и против него и фирмата „Вектура“ се воведени санкции, со обвинување за прекршување на меѓународни санкции, но и за примање и давање поткуп.

Како и да е, српско оружје има и на ерменска, но и на азербејџанска страна и дека некои зделки се правени со меѓудржавни договори.

За нив сега никој не зборува, но еден азерски интернет весник кој се занимава со воено-безбедносни теми, тврди дека токму српските ракети биле испукани кон војската на Азербејџан, од градот Хорадиза што е сосема близу до спорната енклава Нагорно Карабах.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе