Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

За журки во време на корона- една година затвор

Tinnakorn/BigStock.com

За журки во време на корона- една година затвор

Американецот Шон Маршал Мејер (42) од судот во сојузната држава Мериленд беше осуден на една година затвор, затоа што не ги почитувал епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на короновирусот.

Судот го прогласил Мејер за виновен затоа што на два пати ја има прекршено забраната во оваа американска сојузна држава, за организирано собирање и правење забави, за повеќе од десет лица.

Непочитување на забраната

На 10 март годинава, во време на забрзано ширење на пандемијата низ САД, Мејер во својата куќа собрал поголемо друштво на весела журка, на која имало околу 50 лица.

Соседите гледајќи што се случува, ја пријавиле забавата, па интервенирала полицијата која ги растерала гостите, но и го пријавила случајот на обвинителството.

Само седум денови по тоа, овој Американец, за инает на соседите и властите, одново организирал журка во својата куќа, овој пат и за повеќе од 50 гости.

После двете пријави, судот се определил за затворска казна, особено што при интервенцијата на полицијата тој на два пати бил во остра расправија со полицајците, не дозволувајќи им да му ја растурат забавата.

Примерот од Мериленд (САД) е добра поука за овдешната полиција и за нејзината неодоговорност (барем за дел од неа), во времето на техничката влада, пред македонските избори.

Пример за поука

Тоа беше време кога дел од полицијата, посебно оние кои повеќе беа лојални на нивната партија и на партискиот технички министер кој им беше наредил да не интервенираат во вакви случаи (веројатно за да има повеќе заразени), наместо да им бидат посветени на законските мерки за заштита од вирусот.

Како што треба да и доликува на една професионална и одговорна полиција.

А, во тоа време јавноста, посебно во Скопје, знаеше дека по куќите и становите имаше собирања, за правење забави и журки на неодговорни граѓани, иако беше воведен карантин и т.н. „полициски час“ и требаше секој да се грижи за епидемиолошката безбедност.

Одлуката на американскиот суд, во случајот на Шон Маршал Мејер, доаѓа во време кога во ЕУ/Европа одново се разгорува пандемијата со коронавирусот.

Многу европски држави се подготвуваат, или веќе одлучија да ги вратат строгите мерки за борбата со епидемијата, што беа на сила во март и април.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе