Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Странците во Германија се платени 25 отсто помалку

johannes86/BigStock.com

Странците во Германија се платени 25 отсто помалку

Платите за странските работници во Германија, во просек, се помали за 25 отсто, во споредба со платите кои ги примаат германските државјани – соопшти државната Агенција за труд. Или, сето тоа изразено во бројка- изнесува за 900 евра месечно.

Ако средната плата на еден германски државјанин, месечно, изнесува 3509 евра, во бруто износ, а тоа значи без платен данок и придонеси, кај странските работници сето тоа е далеку помало и изнесува 2614 евра.

Тоа е математички-пресметковен просек кој е различен за дојдените работници од земјите од Западен Балкан кои (просечно) се подобро платени од „гастарбајтерите“ дојдени од земји како Сирија, или Авганистан.

Без дискриминација

Според Дојче Веле кое ја анализира оваа состојба, овде не станува збор за германски просек, туку за вредноста која се определува врз половината од сите приходи. За разлика од класичната просечна германска плата, оваа вредност (наречена медијана) се прави за да го ублажи влијанието на многу ниските примања и посебно на многу високите плати, за правење баланс во општеството.

Проценка е дека ваквото пресметување многу подобро го отсликува стандардот на обичниот германски човек.

На пример, дојденците од Сирија, од Авганистан, или од Еритреја (во Источна Африка) заработуваат помалку за 1475 евра од германските државјани. Владата во Берлин, на чие барање е правена една ваква анализа, за тоа колку и како се платени странците- дојденци во Германија кои работат, сепак, смета дека во ова нема никаква дискриминација.

Балканци и бегалци

Според претставник на Агенцијата за труд, меѓутоа, разликата во наградувањето не може да се објасни со степенот на образованието на едните и на другите, затоа што разлики има и меѓу неквалификуваните работници-странци.

Во оваа категорија, странските неквалификувани работници примаат 415 евра помалку од Германците, додека оние дојдени од регионот на Балканот добиваат месечно помалку 208 евра. Кај оние кои се дојдени од т.н. бегалски земји од Блискиот и Средниот Исток во Азија, или од Африка, месечните примања се помали за 657 евра.

Но, во секторот со ниски и многу ниски плати, излегува, дека работат само 16 отсто од германските државјани, наспроти 37 отсто од странците.

Германската влада се брани дека ваквата разлика во наградувањето (платата) е резултат на немањето доволно искуство кај работниците-дојденци и секако резултат на немањето доволно искуство и стручност, според стандардите на една земја каква е Германија. Владата смета дека таквата состојба, во секој случај, е привремена и дека платите на овие луѓе постепено ќе растат, како ќе одминува времето што овие работници ќе го минуваат во германското стопанство.

Нема дампинг заработувачка

Во секој случај, владата инсистира дека влијанието на странците врз платите во земјата е маргинално.

Целата ова работа е покрената на барање и силен притисок на ултра-десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) која остро се противи на примањето – доселувањето на странци.

Во почетокот, АфД беше против примањето на странци-азиланти од земјите надвор од Европа, меѓу другото и од расни, национални и верски причини. Сега тоа противење се објаснува со „стравот дека странците се доведуваат за да се создаде дампинг во заработувачката“.

Но, во декември 2019 година, со полно работно време, биле вработени 21 милиони Германци и три милиони странци- покажуваат официјалните владини податоци.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе