Летото 2020 најжешко од било кога досега!
Летото во оваа 2020 година е најжешко од било кого досега во северната хемисфера на Планетата – тврди американската Национална агенција за океаните и атмосферата (НОАА).
Според наодите на Агенцијата, годинава се надминти рекордите од 2016 и 2019 година. Август оваа година е означен како вториот најтопол август на Земјата, воопшто, откако се мери температурата на воздухот и за тоа се бележат показателите.
Експертите на НОАА очекуваат на крајот од годината да се забележи дека 2020 година ќе биде една од петте најтопли години во историјата.
Над просекот за целиот 20 век
Годинешниве летни месеци – јуни, јули и август – се за 1,17 степени Целзиусови, над просекот (во лето) регистриран за целиот 20 век!
ОН веќе имаат предупредено дека многу држави во светот, не се воопшто подготвени за ваквите климатски состојби.
Во САД, пак, ова прашање се повеќе добива политичка димензија, поради однесувањето на претседателот Доналд Трамп и неговото целосно омаловажување на проблемот со климатските промени.
Тој целосно го игнорира тврдењето на експертите за тоа дека се почестите и поразорни бури, циклони и поплави, како и се почестите шумски пожари со катастрофални размери. Како што ја негира поврзаноста на големите пожари во Австралија, или Бразил, како и сегашните во САД, во сојузните држави Орегон и Калифорнија, со климатските промени на Планетата.
Политика во климата
Впрочем, на почетокот на својот претседателски мандат, Трамп ја извлече САД од глобалниот договор за климата, што го потпиша неговиот претходник Барака Обама, објаснувајќи го тоа свое решение со популистичото тврдење дека договорот е штетен за Америка.
И во тоа свое мислење не е осамен, па поддршка наоѓа во неговиот крајно-десничарски поддржувач, бразилскиот претседател Жаир Болсанаро, но и во во австралискиот премиер Скот Морисон, инаку десно-центристички либерал, кој важи за близок пријател и сојузник со Трамп.
Во тоа друштво, од други, но исто така, од политички, популистичи причини, влегуваат и Русија, како и Кина, иако и двете земји се почесто се жртви на големи пожари (Русија, посебно делови од Сибир), или на катастрофални поплави (Кина).
Очекување од изборите во САД
Проценка е дека годинешниве претседателски избори во САД како на ова прашање ќе реагира Америка, во идната година и понатаму.
Напредок би бил забележан доколку Американците, со една ефикасна и агресивна политика – на државно ниво – ја намалат емисијата на штетните гасови за половина, до 2030 година, споредено со 2005.
Дури и при победа на Трамп и одржување на неговата популистичка политика, кога станува збор за климатските промени, сојузните држави на САД, градовите и бизнисот, би можеле да ја намалат емисијата на штетните гасови, за до 37 отсто, до 2030 година.
Тоа, сепак, се смета за премногу оптимистичко очекување, затоа што Доналд Трамп, продолжува да ја форсира употребата на фосилните горива, сугерирајќи таа и да се интензивира, притоа, целосно отфрлајќи го извештајот на НОАА.
Европа со најтоплиот јануари и август
А, тој распределен по региони во светот делува уште позагрижувачки.
Во северна Русија, на пример, температурата ова лето е зголемена за 2 степени Целзиусови над просекот за овој дел од оваа земја. Тоа истото е регистрирано и во југо-западните и североисточните делови од САД.
Во северна Азија, пак, ова лето времето во просек било пожешко за 3 степени, во споредба со нормалните температури за јуни, јули и за август.
И, конечно, оваа година, во Европа, како и во Азија и во реонот на Карибите, се регистрирани најтоплите досега јануари и август.
Јужната хемисфера, каде е зима додека на северната траеше летото, е забележана третата, досега најтопла зимска сезона во историјата.
Таму во следните месеци ќе се види како на јужната хемисфера ќе се одразат климатските промени.