Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Индија: 100 илјади новозаразени за 24 часови!

Sanjoy Karmakar/BigStock.com

Индија: 100 илјади новозаразени за 24 часови!

Во два дена, едно по друго, Индија  бележи рекорди во бројот на новозаразени со коронавирусот.

Во петокот , индиските здравствени власти соопштија дека во само 24 часа имаат регистрирано 96 илјади нови заразени лица, што е апсолутен светски рекорд на новозаболени во еден ден, каков досега нема забележано ниту една земја во светот, откако кинескиот вирус „шета“ низ светот.

Веќе следниот ден – во саботата- рекордот беше надминат, затоа што официјално во Индија се регистрирани нови,  без малку 100 илјади новозаразени.

Ваквите „црни“ рекорди, во оваа втора по бројот на населението земја во светот,  се бележат во пократок рок отколку оној во Кина, од каде тргна пандемијата, уште на крајот од минатата година, или од Европа и САД, кои се борат со епидемијата веќе шест месеци.

Кога таму се броеја мртви, во Индија вирусот се уште не беше пристигнат, но Светската здравствена организација (СЗО) уште тогаш предупредуваше на неизвесноста во врска со ширење на пандемијата што потенцијално ја носат една Индија, или земјите од африканскиот континент.

Најголемиот број од новозаразените потекнуваат од западноиндиската сојузна држава Махарашатра , додека  наглиот скок на новозаразени ( главно) се врзува за прославувањето на индискиот празник Дивали ( празнување на светлината) каде никој, на масовните собирања, не почитува никакваи санитарно-епидемиолошки мерки.

Индија со вкупно 4,7 милиони заразени лица е втора во светот, зад САД каде и натаму има најмногу – 6,4 милиони лица со коронавирусот. Доколку државата Махарашатра би била независна земја, тогаш би „ се натпреварувала“ со Русија за четвртото место на глобалната листа на заразени лица.

Русија веќе ја надмина бројката од 1 милион заразени, со дневена раст од 5,500 лица, во петокот (11/9) и со над 12.500 починати пациенти.

Шпанија- Короната се врати и бележи рекорди

Шпанија продолжува и понатаму да биде „ црната точка“ во Европа, кога станува збор за коронавирусот што се врати во земјата и со секој нов ден бележи неславни рекорди. Оваа туристичка велесила и сега четврта економија во ЕУ, забележи 12,200 новозаразени лица во само 24 часови, што е најголем дневен пораст од почетокот на пендемијата во март, годинава.

Регистрирани се и 48 новопочинати пациенти, па со вкупно над 566 илјади заразени, Шпанија е првата земја, од членките на ЕУ која ја надмина бројката од половина милион заразени со овој вирус. Без малку 30 илјади лица се починати од избувнувањето на епидемијата.

Владата во Мадрид настојува да го стави под контрола овој, втор бран на вирусот, без враќање на строгите епидемиолошки мерки, посебно сега кога учениците се враќаат во училиштата. Но, факт е дека туризмот од кој земјата собира и по над 120 милијарди евра годишно, тешко дека ќе може да се стабилизира.

Шпанија го укина тримесечниот карантин, на крајот на јуни и ги отвори вратите за странските гости и туристи, но многу брзо по тоа, короната се врати во земјата. Прво во некои делови на Каталонија и Барселона, а потоа и во регионите Галиција и Астурија.

Британија воведува Ковид-шерифи

Британската влада настојува да спречи враќање на епидемијата во време на сегашниот втор бран од коронавирусот, па тоа сака да го постигне со заострување на мерките за заштита во државата, иако бројот на новозаразените не е на нивото на една Шпанија, или на Франција ( со над 10 илјади новозаразени во еден ден), но е повеќе од порастот ново регистриран во Германија.

Во Британија има над 3500 новозаразени за 24 часови, во петокот, но епидемиолозите ги загрижува што таа бројка постојано се зголемува . Се зголемува и т.н R- мерка за процентот на пренесување на заразеноста во земјата. Сега таа е одново над 1, што според експертите е знак за предупредување.

Владата на премиерот Џонсон со тие показатели го оправдува решението за воведување на мерката „Шест“ , како што ја нарекоа медиумите, односно ограничување на собирање  повеќе од шест лица. Во Бирмингем, вториот по големина град во Британија има забрана за „ мешање на семејствата“ , што ќе рече , не се дозволува посети по куќите, од едно семејство во друго.

Главниот акцент на новата анти-корона кампања е воведувањето на специјализирани Ковид-шерифи.

Која ќе биде нивната функција, засега, не се знае, но познато е дека тие треба да го надгледуваат почитувањето на мерката за социјално дистанцирање на луѓето- да бидат не поблиску од два метри.

За нив се вели дека биле користени за време на првиот бран од вирусот, во Лидс, град со бројно етнички и расно мешовито население, како и во областа Корнвол, на крајниот југозапад од Англија.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе