Поврзете се со нас

Skopje Global

ATV & QUAD MAGAZIN/Youtube

Неонацистите го нападнаа Рајхстагот

Група германски нео-нацисти (велат десетина од нив) се обидоа насила да навлезат во зградата на Парламентот (Рајхстагот) на Германија, за време на протестот во Берлин, наводно, организиран „против мерките за заштита од коронавирусот“, но беа спречени од полициските сили кои брзо интервенираа.

Берлинските градски власти, првично, ги забранија ваквите демонстрации, но еден локален суд, сепак, наложи промена на одлуката и дозволи одржување на протестот, што организаторите го најавуваа како „мирен“.

„Медицински терор“

Остана нејасно кој, навистина, стоеше зад демонстрациите што, самите по себе, беа против здравјето на луѓето, затоа што никој од толпата не се придржуваше на ниту една од мерките против ширењето на епидемијата.

Но, локалните медиуми тврдат дека со поддршка се огласиле разни здруженија на анти-ваксерите, на бројни вегански групи кои сметаат дека на тој начин луѓето ќе останат здрави, како и ултра-десничарите од Алтернатива за Дојчланд (АфД).

Токму тие ја предводеа толпата од над 30 илјада луѓе кои беа, како што извикуваа, против „медицинскиот терор“, заговарајќи „ослободување“ и барајќи да се запре „лудилото со коронавирусот“.

Дел од луѓето во масата уверувале дека не станува збор за политички, или за партиски протест.

Сепак, берлинските медиуми забележуваат дека никој од нив не се повлекол кога почнале да се истакнуваат знамиња со нацистичките ознаки, знамиња на Германија од времето меѓу двете светски војни, со кои ултрадесничарите се почесто мафтаат, како и оние на кои се гледа кукастиот крст, симболот на хитлеровската диктатура и нацизмот.

Братимење со екстремистите

Во таквата атмосфера на видлива рамнодушност од „аполитичните“ во толпата, се издвоиле нео-нацистите кои биле дел од протестот, не сокривајќи ги при тоа, нацистичките ознаки на облеката, а една група од нив го предизвикала инцидентот со обидот за насилно „освојување“ на Рајстагот.

Сцени налик на оние познати од германската историја, но и видени од ултрадесничарите во други земји, како Македонија, на пример, од април 2017 година и обидот за десничарски пуч во Скопје.

Инцидентот пред зградата на германскиот Парламент во Берлин, предизвика остра реакција од сите германски демократски партии и од демократската јавност во земјата.

Министерот за надворешни работи Хејко Мас, во својата реакција го осуди, како што има речено, братимењето на екстремистите и нео-нацистите со оние кои уверуваа дека нивниот протест е врзан за коронавирусот, уште не водејќи ни грижа, а ниту сметка дека протестот го загрозува здравјето на многу луѓе.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе