Судар на авион и балон со топол воздух
Еден мал спортски авион и балон со топол воздух, кој лебдел над земјата, се судриле во воздухот, предизвикувајќи смрт на најмалку три лица.
Во сударот, авионот се запалил и се урнал врз зградите на една приградска населба, предизвикувајќи и пожар на станбените објекти. Инцидентот се случил во германскиот град Везел, 60 км. северно од Диселдорф.
Полицијата која го истражува случајот, засега, се потпира на изјавите на бројни сведоци на земјата кои забележале како малиот авион се „забива“ во балонот. Нема објаснување како тоа пилотот на леталото не го видел пред себе големиот балон. Не е јасно ниту како и зошто балонот се нашол на „патот“ на авионот.
Станува збор за мал авион за две лица, но полицијата не знае колку луѓе ималo во леталото. На земјата, настрадало едно лице во зградата врз која се урнал авионот. Има и повредени, меѓу кои е и едно дете.
Ангажирани биле полициски кучиња за да се открие дали под урнатииниет на зградите има други починати или повредени станари.