Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Развод и свадба во Даунинг стрит 10

wfpa/BigStock.com

Развод и свадба во Даунинг стрит 10

Британскиот премиер Борис Џонсон (55) и неговата девојка Кери Симондс (31), која ја има улогата на неформална „прва дама“, затоа што е само девојката на премиерот, на интернет најавија дека ќе се венчаат, како и дека наскоро ќе станат родители. Раѓањето на бебето се очекува на почетокот од ова лето. Веста ја потврди и службената резиденција на премиерот во Даунинг стрит 10, без да даде било какви други детали.

Како што има бурна политичка кариера, Џонсон има и бурен приватен живот. Бебето кое го очекува со Симондс ќе биде негово петто дете, додека бракот со сегашната негова партнерка ќе биде трет. Во ова меѓувреме, актуелниот премиер имал и една речиси јавна вонбрачна врска со уште една жена, со која таа тврди дека има вонбрачно дете, што Џонсон одбива да го признае.

Џонсон се уште не е разведен

Како стојат сега работите, тој се уште не е формално разведен од својата втора законска сопруга, па би можело да се случи неговото најново дете да се роди додека тој се уше нема да биде разведен. Лондонските таблоиди, меѓутоа, тврдат дека во текот на овој месец била „интензивирана„ бракоразводната постапка и дека двете страни – Џонсон и неговата поранешна сопруга – настојувале побрзо да се завршат сите работи. Се открива дека „застојот“ во целата постапка настанал околу парите, односно околу отпремнината што таа треба да ја добие со разводот.

Од двата претходни бракови тој има четири деца, а неговата најстара ќерка, дете од првиот брак, е само неколку години помлада од идната сопруга на британскиот премиер.

Џонсон и Симондс се првата невенчана двојка во Даунинг стрит 10 во досегашната британска политичка историја.

Идната госпоѓа Џонсон е досега најмладата партнерка на еден премиер на Британија, после цели 174 години. А, овој пат ќе се случи и уште еден преседан- Џонсон ќе биде првиот премиер на Обединетото кралство кој во една иста година (оваа 2020) прво ќе се разведе, а потоа ќе се ожени со својата нова и 24 години помлада избраничка.

Трето бебе во службената резиденција

Последен пат тоа се случило во 1769 година, со тогашниот премиер ерлот Грифтон, за кого хроничарите и историчарите имаат запишано дека имал слабост кон жените.

Идната сопруга на британскиот премиер и мајката на нивното дете, со „немирниот“ Џонсон се има запознаено преку Конзервативната партија, чиј лидер сега е самиот тој, уште во времето додека работела како мошне млад активист. Некои медиуми тврдат дека тие се заедно уште од 2012 година, во времето на неговата кампања за втор мандат како градоначалник на Лондон, кога тогаш 23 годишната Симондс била дел од изборниот штаб.

Раѓањето бебе во службената резиденција на британските премиери, меѓутоа, не е настан што не се случил уште од 18 век.

Во 2000 година, се роди четвртото дете на Тони и на Шери Блер, додека тој беше премиер на Британија. Во 2010 година, како британски премиер, Дејвид Камерон стана татко, откако сопругата Саманта се породи додека беше „прва дама“ на Британија.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе