Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Раст на антисемитизмот во Европа

БЕРЛИН, ГЕРМАНИЈА - Скулптурата на Вил Ламмерт „Еврејски жртви на фашизмот“ пред старите еврејски гробишта на улицата Гросе Хамбургер, Мите. Фото: juhajarvinenBigStock.com

Раст на антисемитизмот во Европа

Секој четврти Европеец има антисемитистички убедувања кои се зголемуваат во источно-европските држави, додека на Западот од континентот нема показатели на пораст – покажува најновото истражување на Лигата против навредување од Њујорк, направено во 14 европски држави.

Според сознанијата добиени од анкетата, најголем антисемитизам постои во Полска, во Унгарија и Украина.

Во овие три држави, дури над 40 отсто од анкетираните, признале дека кај нив постојат антисемитски чувства, или едноставно – омраза кон Евреите.

На Западот, ситуацијата е подобра, но ни таму не е како што би требало да биде. Сепак, оваа организација од Њујорк вели дека антисемитизмот се намалил во Шпанија, Холандија, во Германија и Велика Британија, додека значително се намалил во држави како Италија и Австрија.

Еврејството и Израел

Мал пораст, Лигата има регистрирано во Данска и Белгија, што веројатно се поврзува со изменетиот етнички состав на населението во овие земји, или пак е резултат на неправењето разлика (!?) меѓу еврејството и Евреите како народ и државата Израел, односно нејзината политика во регионот.

Во Франција каде одамна постои бројна еврејска заедница, ситуацијата не е изменета во однос на претходното истражување. Оваа голема европска држава, еден од главните мотори на ЕУ, меѓутоа, веќе неколку години е критикувана од израелските политичари, како и од разни групи и организации кои се борат против дискриминација и продуцирање и ширење омраза, посебно кон цели народи, за толерирање на растот на антисемитизам во француското општество.

Дури во една прилика, израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху ги има повикано француските Евреи, ако се чувствуваат небезбедно во Франција, да се преселат во Израел.

Антисемитизам и антиизраелство

Слична е ситуацијата и во Британија. Иако Обединетото кралство, генерално, бележи пад на антисемитизмот, според она што го прикажува анкетата на Лигата, домашните показатели зборуваат дека бројот на напади врз расна, религиозна и етничка основа е значително зголемен и дека антисемитизмот, со антимуслиманство, се уверливо најчеста причина за ваквите напади.

Британската јавност се соочува и со антисемитизмот во редовите на опозициската Лабуристичка партија, откако на нејзиното чело застана ултра-левичарот Џереми Корбин, а особено што нема навестување дека водството на партијата е подготвено да се пресмета со ваквите појави. Од таму, најчесто, доаѓа објаснување дека не станува збор за антисемитизам, туку за антиизраелство, врзано за односот на државата Израел кон Палестинците и Арапите.

Истражувањето на Лигата против навредување од Њујорк констатира дека уверливо најмалку антисемитизам и антиеврејски чувства меѓу 14-те земји опфатени со анкетата, е регистриран во Шведска. Само 4 отсто од анкетираните се определиле дека се антисемити, што е на пример, десет пати помалку во споредба со Полска или Унгарија, на пример.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе