Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Хрватски дипломат заговара „Бела Европа“

digitalista/BigStock.com

Хрватски дипломат заговара „Бела Европа“

Првиот советник на амбасадата на Република Хрватска во Берлин, Елизабета Маџаревиќ е суспендирана од функцијата и вратена во Загреб, а против неа е покрената дисциплинска постапка, затоа што на својот профил на Фејсбук заговарала постоење на “Бела Европа“.

„Европејците беа само белци во цела Европа, пред 30 години“ – има напишано Маџаревиќ.

Според нејзиното мислење, само европските белци претставуваат чиста и автентична Европа.

Нејзината изјава се третира како излив на бел национализам, расизам и неонацизам, па предизвикаа гнев во делови од европската јавност. Особено што Хрватска, иако само шест години е членка на ЕУ, од 1 јануари 2020 година, треба да претседава со Унијата, што е чест, но претставува и голема одговорност за една би можело да се рече новопримена членка.

Гневот е уште поголем и затоа што Маџаревиќ и порано пишувала вакви расистички пораки, за тоа дека муслиманите во ЕУ “на дневен ред ја имаат исламизацијата на Унијата“, а никој од хрватската дипломатска мисија во Германија, како и од Загреб и од тамошното министерство за надворешни работи, нема реагирано. Дури ни доскорешниот амбасадор и нејзин шеф, кој по европските избори е именуван за нов хрватски министер за надворешни работи.

Некои европски медиуми потсетуваат дека во Хрватска и натаму постои засилен национализам и дека за оваа членка на ЕУ не може да се рече дека до крај ги задоволува европските стандарди кога станува збор за односот кон етничките заедници. Деновиве во реонот на Книн е регистриран насилнички напад на “непознати лица“ врз едно кафуле во кое се собрале локални Срби, за да гледаат пренос на фудбалски натпревар на еден белградски клуб. За инцидентот се вели дека бил најтежок досега.

Хрватските власти од скоро се обвинуваат дека илегално префрлаат муслимански бегалци од својата територија во Босна и Херцеговина. Официјален Загреб, пак, се правда дека “само ги има вратено назад оние кои босанските власти ги префрлале “ на Хрватска територија, што во Сараево со отфрла како “гнасна измислица“.

По повод расистичкиот инцидент со сменетата Маџаревиќ, се огласи и хрватскиот премиер Анте Пленковиќ кој побара од сите шефови на дипломатските мисии на Хрватска, да водат сметка за тоа што пишуваат и коментираат нивните соработници.
Фејсбук, преку кој се пласираат најмногу вакви расистички, националистички и неонацистички пораки и коментари, го тргнал коментарот на Маџаревиќ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе