Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Најновиот филм за Џејмс Бонд во април

LevanteMedia/BigStock.com

Најновиот филм за Џејмс Бонд во април

Најновиот филм од серијата за англискиот таен агент Џејмс Бонд ќе се појави во кино салите во април 2020 година. Филмот под наслов „No time to die” (Нема време да се умре ) својата светска премиера ќе ја има на 3 април во Лондон како што е тоа традиција – сите премиери на овие филмови да бидат во британскиот главен град. Во САД филмот ќе почне да се прикажува од 8 април.

Ликот на тајниот агент со кодирано има 007 и овој пат ќе го толкува Даниел Крејг. Тоа ќе биде негово петто по ред појавување во улогата на Џејмс Бонд, но според соопштението на продуцентите и последно. Уште од сега продуцентите трагаат по нов актер за следните филмови.

Филмот „No time to die” е 25 по ред од оваа исклучителна и единствена во историјата на филмот серија од филмови направени за еден ист лик, започната уште во 1962 година.

Ликот на главниот негативец овој пат го толкува оскаровецот Рами Малик.

Режисерот Кери Џоџи Фуконага кој всушност е замена за првично одбраниот Дени Бојл кој уште минатата година, се повлече откако првично прифати да сними филм за Бонд, во најновиот филм задржува многу од ликовите и актерите од претходниот филм „Spectre”.

Ликот на „М“ шефот на Бонд и овој пат го толкува Ралф Фајнс, во улогата на секретарката Манипени пак ќе се појави Натали Харис,, а како „Q” (Кју) експертот за специјалните тајни „ играчки“ за агентот 007, актерот Бен Варешо. Во филмот се враќа ликот на поранешниот агент на ЦИА, Феликс Лајтер, лик кој го има во романите на Јан Флеминг, писателот што го има измислено Џејмс Бонд. Во најновиот филм овој лик ќе го игра Џефри Рајт.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе