Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Трамп го „отпиша“ британскиот амбасадор

Gary Walker/Bigstock.com

Трамп го „отпиша“ британскиот амбасадор

Американскиот претседател Доналд Трамп го „ отпиша“ амбасадорот на Велика Британија во САД, сер Ким Дерок и порача дека со него, повеќе, нема да има никаква комуникација. „ Не го сакам повеќе, ниту, пак, за него, некој во САД мисли добро“- напиша налутено Трамп на својот Твитер профил.

Пораката на американскиот преседател е сосема јасна и директна, но преведено на уште поедноставен јазик тоа, практично, значи дека шефот на државата со која Лондон со децении на ред има специјани односи, не сака да има било каква врска, што значи дека нема да го прима во Белата куќа.

Станува збор за настан без преседан во американско-британските односи, затоа што амбасадорот на Нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, во Вашингтон од сега, па натаму ќе има најлош можен третман од претседателот и од администрацијата на САД. Тоа ја прави неговата мисија, започната уште пред Трамп да стане претседател, невозможна, па е прашање до кога Дерок би можел и да остане на позицијата, особено што Трамп е уверен дека ќе добие уште еден мандат во Белата куќа.

Откриени дипломатски тајни

Причината за „ отпишувањето“ на амбасадорот е (засега) необјаснетото „ протекување“ на информациите за тајната и доверлива комуникација на Дерок, со својата централа во британсиот Форин Офис во Лондон.

Проториевскиот лондонски весник „Меил он Сандеј“ , во изминатиот викенд, објави цела низа доверливи телеграми што Дерок ги има испратено од 2017 година, откако Трамп стапи на претседателската должност, па се до сега. Во нив тој е исклучително критичен кон Трамп, оценувајќи го претседателот на САД како „ неспособен„ да ја обавува функцијата и дека е „ единствениот одговорен за лошото функционирање на американаката администрација“.

-Не верувам дека оваа администрација ќе стане понормална ( од досега), помалку нефункционална, помалку непредвидлива, помалку расцепкани на разни фракции и помалку дипломатски неспретна и неспособна- вели британскиот амбасадор во своите доверливи телеграми , за владата во земјата каде е испратен во дипломатска мисија.

Веднаш по нивното појавување во весникот, во првата реакција, Трамп има напишано дека амбасадорот „ не и служи добро на Велика Британија“. Форин Офисот, веднаш потоа, соопшти дека е отворена темелна истрага, како телеграмите и дописите на Дерок можеле да стигнат до еден медиум, но министерството не ја демантираше нивната содржина. Реагираше и актуелниот шеф на британската дипломатија Џереми Хант кој е целосно ангажиран во предизборната кампања за нов лидер на Конзервативната партија, кој изјави дека ставовите на амбасадорот, се само негови. Според Хант, тоа не се негови ставови ниту се ставови на британската влада.

Дисквалификации и за Тереза Меј

Тој, сепак, не го „ отпиша“ Дерок, инаку 65 годишен искусен британски дипломат, објаснувајќи дека во случајот е важно да се истакне, амбасадорот да ја извршува својата работа и да испраќа „ искрени извештаи, со лични ставови за состојбите во дравата каде е ангажиран“.

По серијата остри твитови на Трамп, реагираше и Даунинг стрит 10, при што кабинетот на британскиот премиер Тереза Меј му дава целосна подршка на својот дипломатски претставник во САД. „Дерок ја има целосната подршка на премиерката“- изјавил за медиумите во Лондон портпаролот на владата.

„Сосема  јасно соопштивме дека ваквото протекување на информациите и на текеграмите, е жалосен чин. Објавените делови од дописите не ги отсликуваат блискоста на односите ( со САД) и почитувањето што ( Лондон) го има кон тие односи. Во исто време потенциравме колку е важно амбасадорите да имаат можност да ги изнесуваат искрените проценки за политичкиот живот во државите каде се на работа“- рекол владиниот портпарол. Тој притоа инсистирал дека Британија има специјални и цврсти врски со САД врз основа на долгата историја и одбраната на заедничките вредности, па дека така ќе остане и понатаму.

Но претседателот Трамп, ја искористил приликата, покрај „ отпишувањето“ на амбасадорот Дерок, да ја нападне и Тереза Меј, за која од почетокот на неговото претседателствување, нема добро мислење. Тој на неколкупати ја има јавно критикувано Меј , посебно за работите околу Брегзит, но овој пат оди и понатаму, па им порачува на Британците дека е „ добра вест за нив е што наскоро ќе имаат нов премиер“! Уште повеќе, Трамп одново и држи лекции на Меј за Брегзит, обвинувајќи ја со  зборовите- „ каква ли само мешаница направија таа и нејзините соработници„ околу излегувањето на Британија од ЕУ.

„И зборував што да направи, но таа одлучи поинаку“- напишал американкиот претседател на Твитер, оцрнувајќи ја Тереза Меј, како реванш за тоа што британскиот амбасадор него го оцрнува и го дисквалификува како претседател.

Вашингтон навива за Борис

Меѓутоа, откривањето на деталот дека ја советувал Меј како да се „ бори против ЕУ“ , а таа не го послушала , покажува уште еднаш дека тој се обидува да ги дисциплинира Европејците ( и ЕУ) послушно да ги следат неговите постапки, пред се, во надворешната политика, а не да стојат зад заедничката европска позиција. Тоа се виде околу ситуацијата во и околу Сирија, односите со Израел, договорот за климата од Париз, како и за излегувањето на Американците од нуклеарниот договор со Иран. Во сите овие ситуации, Британија и Меј останаа лојални на европската позиција, објаснувајќи ја и бранејќи ја и како своја.

Неколкупати досега, затоа, Трамп го подржува Борис Џонсон, човекот кој ја собори Меј,  за нов британски лидер и премиер. Трамп јавно ја дезавуираше актуелната премиерка со изјавите дека „ Борис ќе биде добар премиер“.

Од Белата куќа и не кријат дека навиваат за Џонсон, веројатно сметајќи на него, не толку за расплетот околу Брегзит, што на крајот и не е работа на САД, туку за подршката на владата во Лондон , таму каде Американците бараат нивните сојзуници на Западот да мислат како што мисли Вашингтон. Неки западни експерти стравуваат дека Британците, со Џонсон и посебно надвор од ЕУ би можеле да направат ревизија на некои свои сегашни надворешно-политички позиции.

А со Џонсон во Даунинг стрит 10, многу е веријатно, дека сер Ким Дерок, од Вашингтон ќе замине во пензија, каков и да биде извештајот од истрагата, доколку таа и воопшто се спроведе до крајот. Тоа е , сепак, најлесната работа што Џонсон ( како евентуален премиер) би можел да ја направи, на стартот од своето престојување во Даунинг стрит 10.

(Д.Л.)

Извештај од Лондон

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе