Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Трише: Лондон против новата реалност

NorthfotoBP/BigStock.com

Трише: Лондон против новата реалност

Поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) Жан Клод Трише смета дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ ќе предизвика многу посериозни последици за земјата, отколку за Унијата.

„Одлуката за Брегзит е во тотална спротивност со она што ги носат современиот свет и сегашната нова реалност, во која доминираат големи и крупни економии, со единствена валута и единствен пазар„ – изјавил Трише за радио ББЦ.

Овој француски финансиски експерт не сака да полемизира со постојаните пораки на британските евроскептици, за тоа дека Брисел би требал да биде загрижен околу  прашањето како Брегзит ќе се одрази врз другите земји кои ќе останат во Унијата. Но во разговорот, Трише рекол дека станува збор за тоа како се гледа на работите.

„Европската економија вреди 13 билијарди фунти, додека онаа на Британија вреди  две билијарди. Тоа секако не се споредува. Ако се земе ЕУ како една целина, па го споредите нејзиниот БНП со британскиот, ќе се види дека учеството на Британија е само мал дел„ – рекол поранешниот прв банкар на Унијата, додавајќи дека е сосема нормално што останатите 27 држави – членки се помалку на удар отколку (сега) осамената Британија, но тие сепак, сакаат Британците да останат, додека од Лондон инсистираат на Брегзит.

ЕУ е најголемиот трговски партнер на Велика Британија , затоа што на Унијата отпаѓа околу 50 отсто од вкупниот британски извоз, според официјалните податоци за 2016 година, кога беше организиран референдумот за Брегзит. Тврдите „брегизитери„ и антиевропските медиуми во Лондон, меѓутоа, продолжуваат да ја уверуваат тамошната јавност дека владата што ја предводат конзервативците „мошне брзо ќе направат трговски договори со брзорастечките економии во светот„ инсистирајќи дека Британија е доволно голема и моќна – економски и политички- да биде сама и надвор од ЕУ.

Трише , пак, смета дека ваквите објаснувања се во спротивност со новата реалност во светот.

Во време кога Индија, Кина, Бразил, Мексико или Индонезија и сите другите брзорастечки економии се движат напред со голема брзина, се повеќе надвиснувајќи ја и Европа, апсолутно е неразбирливо да се одлучите да се разделите од ЕУ и да се отцепите од Унијата. Тоа е сосема спротивно од насоките по кои оди светот „ – изјавил за ББЦ, Жан Клод Трише. Тој беше прв човек на ЕЦБ од 2003 до 2011 година, управувајќи со банката во тешкото време на банкарската и финансиската криза, што избувна во есента 2008 година и во време на должничката криза во Грција.

Во интервјуто Трише изразил загриженост поради растот на нивото на јавниот и на приватниот долг ширум светот.

(Е.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе