Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Израел не е поразен, војната продолжува“

„Израел не е поразен, војната продолжува“

Годишнината од  колеж0т што го извршија палестинските терористи на Хамас, на 7 октомври минатата година, во еден  не предизвикан  напад врз југот на Израел, помина во израелската јавност со тагување и болка за околу 15оо-те убиени цивили- млади жени, мајки и деца , како и стари луѓе врз кои терористите се изживувале.

Но, помина и во атмосфера на се уште неугасената надеж за ослободување на преостанатите грабнати заложници- за кои се верува дека се на територијата на Газа, во подземните тунели на хамасовци , под површината на малиот и тесен појас со безмалку три милионско население.

Страв од иднината

Тажната  годишнина од масакрот врз невини луѓе- жители на кибуцот во близина на јужната израелска граница и посетителите на еден фестивал посветен на мирот- во злосторство какво  немало од времето на холокаустот- остана одбележан и со гневот на лугето кон непријателите на Израел и кон сопствената власт.

Најмногу затоа што грабнатите се уште не се ослободени. Од 255 грабнати Израелци , се верува дека 95 се уште се наоѓаат во Газа, а за 40 се претпоставува дека се убиени. Од тие причини, роднините на тие луѓе сметаат дека требало да се продолжи со потрагата по нив,наместо да се почне со операцијата на северот.

Во сето ова е присутен и стравот за иднината, пред се, за безбедноста и сигурноста на луѓето. Откако стана јасно дека бруталното насилство на терористите од Хамас, безбедносните сили на Израел, сепак,  не можеа да го спречат.

Ајатоласите  против Израел

Гневот меѓу Израелците, меѓутоа,   доаѓа и од сознанието дека меѓународната јавност која, првично, во шок го пречека  масовниот терористички напад, многу брзо потоа, посебно во Европа, го соголи се уште присутниот, а прикриван антисемитизам и мачните приказни  за вината на Израел.

Претпоставка е дека токму во гневот што уследи по сознанието дека антисемитизмот и натаму е жив, можеби треба да се објасни жестината на израелското возвраќање на ударот, користејки го притоа легалното право на одбрана на земјата, нападната од надвор.

Во напад изведен со нападната со политичка, воена и материјална помош од странска држава- од Иран- која нема ниту директна граница со Израел.

Станува збор за земја, за која   се верува дека го има потикнато нападот од 7 октомври, без разлика  што израелската страна  со ништо го нема предизвикано  Техеран. Колку и да се знае дека  веќе 40 години ајатоласите и иранскиот режим настојуваат да се уништи израелската држава.

Сеќавање на масовниот колеж

Во секој случај Европа, преку изјавите на нејзините водечки политички лидери и сега, една година по ланскиот масакар, му дадоа право на Израел да се брани , означувајќи го нападот како „ужасен колеж“.

Незаборвајќи притоа да ги посочат и стравотиите на војната што се разви, во настојувањето да се најдат и да се казнат терористите, како и големите цивилни жртви на палестинското населении во Газа, кое најчесто страдаше затоа што Хамас ги користи цивилите како свој „жив штит“, а потоа зборува за „ геноцидот на Израелците“.

Некако слично на тоа може да се објасни и вклучувањето на Хезболах во војувањето- отворајќи втор фронт, по налог на Иран), што се повтори и со покренувањето на јеменските Хути.

Тие , во секој случај, се со многу помали капацитети од оние на Хезболах кој после либанската граѓанска војна се претвори во политичка и воена сила која ги има окупирано југот на Либан и јужните делови на Бејрут.

Останува заканата од ескалација

Во една ваква ситуација во која се најде Израел, неговиот премиер Бенјамин Нетанијаху кој пред една година се соочуваше со личната борба за политичко преживување,  сега мора да зборува за победа, или за пораз на неговата земја.

Порачувајќи им притоа  на Израелците, но и на сите кои не се на израелска страна дека – Израел не е поразен и дека војната за заштитата на неговото население продолжува. Сега повеќе во Либан, со можна длабинска офанзива на војската за елиминација на воените сили на Хезболах.

Тоа значи можност за натамошна ескалација на судирањата, посебно доколку Израел ја оствари заканата дека ќе му се одмазди на Иран за неговиот масовен ракетен напад врз израелската територија.

Таа (можна) одмазда во која би бил вклучен и напад врз иранските нуклеарни постројки – предизвика САД да го предупредат Нетанијаху дека ја нема американската подршка за таква операција.

Молк и немешање на Арапските земји

Франција во меѓувреме се затрча со предлог да се воведе ембарго за оружје за израелските сили, што ги разгневи Израелцитем додека  Иран  се огласи со изјава дека не сака војна, но дека ќе возврати на израелскиот напад- ако до него дојде.

Хамас кој делува дека е  целосно распартален по темелните разурнувања во Газа, се пофали дека оваа палестинска, терористичка организација ќе се обнови-  како птицата феникс.  Хезболах, пак, по убиството на неговиот милитантен лидер, а  остана и без заменикот на заменетиот командант- убиени од израелските сили- продолжува да се заканува дека Израел треба да се „фрли во морето“.

Сите арапски земји во израелското соседство и подалеку, годишнината од ланскиот масакар, типично за нив, ја одмолчеа. Како што тоа го направија и „големите“- Кина, Русија и Индија- кои покривајќи ги злосторствата на Москва ( во Украина) и на Техеран (на Блискиот Исток), настојуваат да одглумат единство, во интерес  на контроверзната група БРИКС.

Загубено самочувство

Арапските земји, меѓутоа, впечаток е дека иако јавно се солидаризираат со Палестинците, а сега и со „страдањата“ во Либан, тивко и сокривајќи се зад другите – не сакаат победа на Хамас, па затоа и не го помагаа, а не сакаат ниту победа на Хезболах.

Едноставно знаат дека овие две организации , преку шиитизмот на Иран,  се негово орудие, а тоа значи  закана и за арапскиот свет во кој доминира сунитизмот.

Останува на тој начин Израел, во својата осама. Самиот да се избори со најголемата ментална криза, во која се наоѓаат неговите жители, после 1948  година, кога е создадена државата. Пред се затоа. што после ланскиот 7 октомври , самите Израелци признаваат дека го имаат загубено самочувстото за безбедност.

(С.С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе